Studiska poseta na pokrov strumitsa

Студиска посета на Покров Струмица

Kонект организира еднодневна студиска посета на терапевтската заедница „Покров“, Струмица што е дел од проектот „Социјално претприемништво: учење од практики и промоција“. Таа ќе се одржи на 31 март (петок), а превозот е организиран од страна на Конект.

„Покров“ е прва долгорочна рехабилитациска програма за одвикнување од дрога, алкохол и хазард во Македонија. Ова е најдобар начин сите заинтересирани да се запознаат одблиску со еден од најуспешните примери за социјално претприемништво во Македонија. Сократ Манчев, основачот на ова претпријатие, , ќе биде и водич низ посетата.

Она што го прави „Покров“ најдобар во своето поле е тоа што е самоодржлив модел на социјално претпријатие , кое ја ужива поддршката на локалната заедница. Корисниците на програмата се работно ангажирани во социјалното претпријатие. Поради зголемена социјална интеграција, се занимаваат со земјоделство и производите ги пласираат на пазарот. Од приходите се финансира работата на претпријатието и надоместоците на корисниците.

Сите заинтересирани можат да го искажат својот интерес на konekt@konekt.org.mk или на тел. 02/ 3224 198 најдоцна до 28.03.2017 год. Пријавите ќе бидат прифатени до пополнувањето на максималниот број на учесници. Прифатените учесници ќе бидат информирани за програмата и за логистички информации.

Продолжи со читање

  • #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas

    #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија во изданијата на Civica Mobilitas и Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС пред крајот на 2025.
    The post #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas first appeared on Finance Think.
    The post #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas appeared first on Finance Think.

  • Нова Студија за политиките 57!

    Нова Студија за политиките Анализираме како јавните финансии се претвораат (или не) во подобри исходи во образованието и здравството во шест земји од Западен Балкан, користејќи панел податоци за периодот 2006–2020 и CMP методологија. Клучни наоди: • Не е доволно колку трошиме — важно е како трошиме: подоброто извршување на буџетот е клучниот канал преку […]
    The post Нова Студија за политиките 57! first appeared on Finance Think.
    The post Нова Студија за политиките 57! appeared first on Finance Think.

  • Граѓанскиот ресурсен центар во 2025

    Зад нас е година исполнета со соработка, ангажман и заедничко дејствување, во која граѓанските организации беа во фокусот на активностите на Граѓанскиот ресурсен центар, редовно споделувајќи информации, јакнејќи ги нивните капацитети и поддржувајќи процеси релевантни за развојот на граѓанското општество. Во изминатата година, Граѓанскиот ресурсен центар постигна значајни резултати преку бројни активности спроведени за и со граѓанските организации.

  • Граѓанските организации во 2025 продолжија да го менуваат општеството

    Време е за уште едно сумирање на направеното, кое веруваме ќе ни даде на сите причини зошто вреди да продолжиме уште погласно и поодлучно во новата 2026 година. Годината што ја завршуваме беше година на предизвици, но и на солидарност, поврзување и конкретни резултати. Нашата сила останува во заедништвото – кога граѓанските организации, граѓаните и институциите се отвораат за дијалог, се создава простор за промена.

  • Соработка и вклученоста носат одржливи антикорупциски резултати

    МЦМС учествуваше на Конференцијата на државите-страни на УНКАК
    Единаесеттата сесија на Конференцијата на државите-страни на УНКАК (COSP11) се одржа во Доха, Катар, во периодот од 15 до 19 декември 2025 година. Конференцијата беше организирана од државата Катар, во тесна координација со Канцеларија на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC). МЦМС беше дел настанот преку учеството на Александар Кржаловски и Снежана Камиловска Трповска.

  • Тркалезна маса помеѓу донесувачи на одлуки и млади на локално ниво

    Во рамки на проектот „Младите се гласот на промените во општините“, во Прилеп  се одржа Тркалезна маса помеѓу донесувачи на одлуки и млади на локално ниво на кој учество зедоа градоначалниците на Општина Прилеп и Општина Крушево, членови на советите на двете општини, претставници на локални здруженија, младински активисти и млади од Прилеп и Крушево. 

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор