28 03 2017 Оn Limit vesti

Тренинг: Како може новинарот да ги „скрши“ вратите на институциите, кои се затворени за медиуми?

Здружението за Развој на Медиуми Онлимит Медиа, во соработка со весникот Лајм, поддржани од Цивика, успешно го остварија тридневниот тренинг за млади новинари и студенти по новинарство, на тема „Дигиталните медиуми – Промовирање на отчетот и стандардите во текот на истражувањето“.

Тренингот го реализираа професор Ќафиш Бакиу и новинарите Исен Салиу и Џенис Сулимани, со асистенција на експертот за правни науки, Илир Зајази.

28 03 2017 Оn Limit vesti 1

Темата која се наметна од страна на студентите и новинарите учесници на тренингот беше како да се зачува чекорот со динамиката на модерното дигитално новинарство, а истовремено да се почитуваат начелата на новинарскиот кодекс и да не се кршат правните норми. Во текот на тренингот се забележа и голем интерес на учесниците во врска со можностите како најлесно да се надминат бариерите за да се стигне до една информација од јавен интерес во земја како Македонија, каде што имаме институции затворени за медиумите.

Констатацијата на учесниците на тренингот беше дека на младите новинари во Македонија им се потребни серија вакви тренинзи, затоа што како земја во која слободата на говорот бележи голем пад последните години, новинарите секојдневно се соочуваат со институционални препреки во истражување на информацијата, но и со можност да бидат тужени за нивното известување во медииумите.

Онлимит Медиа е институционален грантист на Цивика мобилитас

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор