Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Училиште за креативен стрип ангажман

    Стрип центарот на Македонија (СЦМ) со седиште во Велес организираше четиридневно стрип училиште за креативен ангажман кое се одржа од 20 до 24 април 2017 година во с. Нежилово. Учесници беа 12 цртачи од Скопје, Куманово, Струмица, Кратово, Битола и с.Горно Јаболчиште кои со помош на нивни водичи и персоналот…

  • Прва младинска академија на Сојузот на извидници на Македонија

    Сојузот на извидници на Македонија во периодот од 13 до 17 април 2017 година, во својот тренинг центар во Охрид, ја одржа својата прва младинска академија во рамки на проектот „Извидниците за активно општество“. Учество земаа 60 млади од 17 младински организации од Македонија. На овој настан младите имаа можност…

  • Mеѓаши – 25 години борба за поправеден свет за децата

    Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ на 24 април 2017 година одржа прес-конференција по повод одбележувањето на 25 годишниот јубилеј од своето постоење. Коле Ангеловски, амбасадор на „Меѓаши“, на денешната конференција ги сумираше најзначајните достигнувања од работата на организацијата во изминатите 25 години. Помагајќи ги децата и нивните права, оваа…

  • Училиште за креативен стрип ангажман

    Од денес (20.04.2017) па до 24 април оваа година, Стрип центарот на Македонија (СЦM) со седиште во Велес ќе организира Стрип училиште за креативен ангажман кое ќе се одржи во с. Нежилово. Учесници ќе бидат 12 цртачи од Скопје, Куманово, Струмица, Кратово, Битола и с.Горно Јаболчиште кои со помош на…

  • Станица: Студентска 5.0

    Младинскиот образовен форум (МОФ) ги поканува сите заинтересирани на петтото издание на „Станица: Студентска 5.0“, настан посветен на промоција на работата на студентските и младинските организации во Македонија. Тој ќе се одржи на 25 април, од 12 до 18 часот, во Центарот за дизајн и иновации „Јавна Соба“. Настанот е отворен…

  • Изложба „Жените од Свети Николе низ историјата“

    Организацијата на жените на општина Свети Николе на 12 април 2017 година, во соработка со Народниот музеј од Свети Николе, ја реализираше изложбата „Жените од Свети Николе низ историјата“. На изложбата беа поставени биографии на 31 светиниколчанка, кои зад себе оставиле значајни достигнувања во разни области. Настанот беше посветен на…

  • Поддршка за пациентите кои се борат со Акутна Миелоидна Леукемија, 21 април

    Соодветната современа терапија не е достапна за пациентите со АМЛ во Македонија. Како што не е достапна ни за многу други ракови. Од 70 нови лекови кои се користат во светот ФЗОМ на почеток на оваа година одобри 6 преку клиниката за Онкологија. Тоа не…

  • Одбележување на светскиот ден на Ромите во Куманово

    На ден 08.04.2017 во новата сала за венчање од 12 часот во општината Куманово се одржа свечено обележување на светскиот ден на Ромите каде што беа пристуни градоначалникот на општината Куманово, представници од повеќе политички партии и представници од државни институции воедно и пратеници. Се доделија пофалници на Ромските невладини…

  • Спроведена анкета за влијанието на националните симболи

    Здружението Центар за креативен меѓународен дијалог Скопје (ЦКМД) во периодот од 15 март до 5 април 2017 година, спроведе анкета преку интернет за истражување на перцепцијата на населението за националните симболи, нивното поврзување со политичките партии како и нивното влијание врз секојдневното однесување на граѓаните. Анкетата е дел од проектот…

  • Анкета за вработувањата во државната и јавната администрација

    Центарот за управување со промени- ЦУП во рамки на проектот „Следење на административната правда“ поддржан од Британската амбасада во Скопје, спроведе теренска анкета на тема „Какви се мислењата на граѓаните за вработувањата во државната и јавната администрација?“. Добиените наоди и истражувања се прикажани на инфографикот кој следи. Проектот ги набљудува…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор