20170425 SCM vesti

Училиште за креативен стрип ангажман

Стрип центарот на Македонија (СЦМ) со седиште во Велес организираше четиридневно стрип училиште за креативен ангажман кое се одржа од 20 до 24 април 2017 година во с. Нежилово.

Учесници беа 12 цртачи од Скопје, Куманово, Струмица, Кратово, Битола и с.Горно Јаболчиште кои со помош на нивни водичи и персоналот на СЦМ –Велес ги довршија веќе подготвуваните стрип дела. Темите на цртање се однесуваа на миграциите, меѓуетничките односи, родовите прашања, екологијата и слично.

Следно е да се издаде каталог со нацртаните дела и да се одржат изложби во местата од каде што потекнуваат учесниците.

Стрип училиштето е дел од проектот „Стрипот како креативна алатка во функција на граѓанскиот ангажман“. Неговата цел беше да се афирмира стрип уметноста како алатка за испраќање на општествени пораки преку креативен процес на поединци и институции. Исто така, беа промовирани македонската и интернационалната стрип сцена, а се организираа и тематски состаноци за вмрежување заради афирмирање и социјална примена на стрип културата во нашата земја.

Локални соработници во проектот се ЗУР „Македонски ракотворби“- Битола, ДРОМ -Куманово, ЗГ„Регионален центар за одржив развој“ –Кратово, Центар за современи уметности -Скопје, „ Култ транзен“ –Струмица и „Мозаик“ –с.Горно Јаболчиште , општина Чашка.

Стрип центарот на Македонија- Велес е корисник на мал акциски грант од Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Честит 8ми Март

    На ден пред меѓународниот ден на жената 8ми Март, на 7.3.2026 год. (сабота) извидниците од Велес изработија честитки кои ќе бидат доделени на своите мајки, баби и тетки, а и на сограѓанките на Велес. Со ова членовите на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес ке го честитаат празникот 8ми март…

  • 28 години братско живеење

    Пред дваесет и осум години, на 7 март во 1998 година на свечената Академија одржана во Големата сала на Општина Велес, а по повод 45 годишнината на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес се изврши збратимувањето на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ со извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш – Република…

  • Клучната улога на образованието во промоција на одржливинавики за управување со био отпадот

    Со зголемувањето на еколошките предизвици, важноста на едукацијата за управување со отпад станува сè поголема. Човечките активности значително придонесуваат за деградација на животната средина, со последици како глобално затоплување, загадување на водите и почвата и губење на биодиверзитетот. Иако технологијата и политиките играат значајна улога во решавањето на овие проблеми, образованието останува клучен инструмент за […]

  • „Снаоѓање“ или корупција? Неформални плаќања, врски и подароци во здравствениот систем

    Овој извештај е подготвен во рамките на проектот „Посилни системи, поправедна грижа: елиминација на корупцијата во здравството“. Целта на овој 18-месечен проект е да се идентификуваат проблеми со корупцијата во здравствениот систем на Северна Македонија и преку поттикнување поголема транспарентност, отчетност и родово чувствително управување да се унапреди еднаквиот пристап…

  • Повик за прибирање на понуди за сместување и одржување на обуки

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и пристапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при…

  • Повик за ангажман на Експерт/Експертка за едукација на новинари и известување за корупцијата во здравството

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и пристапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор