11 04 2017 CKMD

Спроведена анкета за влијанието на националните симболи

Здружението Центар за креативен меѓународен дијалог Скопје (ЦКМД) во периодот од 15 март до 5 април 2017 година, спроведе анкета преку интернет за истражување на перцепцијата на населението за националните симболи, нивното поврзување со политичките партии како и нивното влијание врз секојдневното однесување на граѓаните. Анкетата е дел од проектот „Национални симболи, културна меморија и политички идентитети во Република Македонија“.

Според добиените резултати, 43% од испитаниците одговориле дека сонцето на Вергина ги асоцира на Античка Македонија и Грците/Хелените, додека 38% ги асоцира на македонската историја и народ, што покажува дека граѓаните прават дистинкција помеѓу овие поими.

Околу 68% од испитаниците одговориле дека симболот на двоглавиот орел ги асоцира на албанската историја и народ, а незначителни 2% го поврзуваат со некоја од албанските партии.
Асоцијативно, 46% од испитаниците ја поврзуваат црвената боја со знамето на Република Македонија, додека 44% не ја поврзуваат ниту со знамето, ниту со некоја од партиите.

Дури половина од испитаниците некогаш свесно избегнале посета на објект или манифестација од областа на културата за да не бидат идентификувани како припадници на некоја политичка партија.
Од добиените податоци се гледа дека испитаниците сметаат дека присвојувањето симболи од страна на партиите е неправедно и дека тоа се прави за политички цели. Исто така, користењето на национални симболи во најголем дел не им помага полесно да се идентификуваат со политичките партии, или пак тие воопшто не се идентификуваат со некоја партија.

Анкетата е спроведена на пригоден примерок од 112 полнолетни граѓани на Република Македонија, каде значителен дел од испитаниците се Македонци (86%). Испитаниците во главно живеат во град (96%), додека според регионот, на водечко место е Скопскиот регион (83%). Според степенот на образование, испитаниците се во главно високо образовани, освен 5%, кои имаат завршено средно образование.

Здружението Центар за креативен меѓународен дијалог Скопје (ЦКМД) е корисник на мал акциски грант на Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор