Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • РЕАКЦИЈА

    eko gerila reakcijaДвижењето Eco Guerilla го смета за крајно несериозен и вознемирувачки, ставот на Министерот за животна средина и просторно планирање г-дин Башким Амети кои за досегашниот неуспех на за спроведување на оперативниот план за поставување филтри во Југохром, за медиумите изјави дека тој “не е адвокат на Југохром”.

  • Трета трибина на „Нов контакт – Македонија“

    NOV KONTAKT 1Здружението „Нов контакт – Македонија“ на 22 јуни 2016 година, на Скопскиот саем ја одржа третата по ред трибина што е дел од проектот „Развој преку комуникација“, посветен на македонската дијаспора. На трибината се разговараше за организациската форма на дијаспората – државата; за влијанието на дијаспората на развојот на туризмот и другите стопански дејности и за медиумите и нивната улога во зајакнувањето на врската со дијаспората.

  • ПОВИК за ангажирање на Експерт за системи за квалитет во управувањето (СКУ) за граѓански организации (1 извршител)

    Центарот за истражување и креирање политики, во рамки на проектот „Унапредување на граѓанското општество и промовирање на принципите на добро владеење преку воведување на системи за квалитет во управувањето во граѓанските организации“, финансиран преку програмата Цивка Мобилитас, објавува:

  • Повик за учество во Работна група за воведување на Систем за квалитет во управување (СКУ) во граѓански организации

    Почитувани,

    Центарот за истражување и креирање политики, во рамки на проектот „Унапредување на граѓанското општество и промовирање на принципите на добро владеење преку воведување на системи за квалитет во управувањето во граѓанските организации“, финансиран преку програмата Цивка мобилитас објавува повик за номинирање на претставник од граѓанските организации за учество во Работната група за воведување на Систем за квалитет во управувањето (во понатамошниот текст Работната група) која ќе биде сочинета од претставници на граѓанските организации од мрежата на Цивика мобилитас (грантисти)

  • Семејно насилство врз жените со хендикеп

    Polio Plus rabotilnicaПолио Плус – движење против хендикеп на 8 и 9 јуни во хотелот Бест Вестерн во Скопје ја оддржа работилница на тема: „Специфичности на семејното насилство врз жените со хендикеп“. На работилницата учествуваа давателите на услуги на жени жртви на семејно насилство, како и претставници на релевантните државни институции.

  • 12 јуни – Светски ден за борба против злоупотреба на детскиот труд

    megjashiНасекаде во светот, милиони деца се секојдневно изложени на најтешките форми на злоупотреба на детскиот труд. Во оваа категорија спаѓаат сите форми на ропство, набавка или понуда на деца за проституција за производство со фотографија, продажба или трговија со деца и трговија со дрога. Воедно, овие деца се под постојана изложеност на ризична работа и се лишени од правото на соодветна грижа за нивното здравје, како и правото на соодветно образование. Едноставно кажано, тие се лишени од нивните основни слободи и права.

  • Средно Водно исчистено од отпадоци

    LEAD 1Светскиот ден на животната средина, 5 јуни, го одбележаа група млади од различна етничка припадност со спроведување на акцијата за чистење на отпадот на Средно Водно. Ним им се придружија и дел од граѓаните кои веќе беа на падините на Водно.

  • Барање на понуди: Изработка на веб апликација со база на податоци

    companyLogoЗдружението за рамноправен развој РЕШЕНИЈА ЗА РАЗВОЈ (DeSo), го спроведува проектот „е-Платформа за соработка и развој на граѓанското општество (ГО) во Република Македонија“. Проектот се спроведува со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

  • МАКЕДОНИЈА ЧИСТА ЗА 1 ДЕН – ВКЛУЧИ СЕ ВО НАЈГОЛЕМАТА ЕКО АКЦИЈА!

    Logo AJDE Makedonija 2Сакаш почиста и позелена Македонија?
    Ако сакаш да бидеш дел од тимот што ќе придонесе за тоа, тогаш ПРИДРУЖИ СЕ, заедно да ја исчистиме Македонија!
    Биди и ти волонтер во најголемата еколошка акција во нашата земја!

    КАКО?

  • Презентација на Водич во терминологијата за родово базирано насилство за новинари и медиумски работници

    Logo mreza protiv nasilstvoНационалната мрежа против насилство врз жени и семeјно насилство со задоволство ги поканува сите заинтересирани на презентација на Водичот во терминологијата за родово базирано насилство за новинари и медиумски работници, која ќе се одржи на 30.05.2016 година, понеделник од 10:00 часот во Хотел Порта, Скопје.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор