Трета трибина на „Нов контакт – Македонија“
Здружението „Нов контакт – Македонија“ на 22 јуни 2016 година, на Скопскиот саем ја одржа третата по ред трибина што е дел од проектот „Развој преку комуникација“, посветен на македонската дијаспора. На трибината се разговараше за организациската форма на дијаспората – државата; за влијанието на дијаспората на развојот на туризмот и другите стопански дејности и за медиумите и нивната улога во зајакнувањето на врската со дијаспората.

Проектот има за цел да ја зајакне врската со македонската дијаспора и да развие проекти за поддршка на културните, традиционалните и историските вредности, да ја зајакне комуникацијата и развојот на демократските опшествени вредности.

Проектот е поддржан од Цивика мобилитас.






![[Aggregator] Downloaded image for imported item #53070](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/11/viber_image_2026-11-03_12-35-55-937-726x1024-1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #53072](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/11/IMG_3882-scaled-1-768x576.jpg)