LEAD 1Светскиот ден на животната средина, 5 јуни, го одбележаа група млади од различна етничка припадност со спроведување на акцијата за чистење на отпадот на Средно Водно. Ним им се придружија и дел од граѓаните кои веќе беа на падините на Водно.

Акцијата се реализираше во организација на Движењето за едукација и унапредување на дијалогот ЛЕАД.

LEAD 1

 

Покрај расчистувањето на планината, акцијата има за цел и да ја крене јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина. За таа цел, групата активисти носеше маиците со слоганот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“.

Проектот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“ е поддржан од програмата Цивика мобилитас.