ПОВИК за ангажирање на Експерт за системи за квалитет во управувањето (СКУ) за граѓански организации (1 извршител)

Центарот за истражување и креирање политики, во рамки на проектот „Унапредување на граѓанското општество и промовирање на принципите на добро владеење преку воведување на системи за квалитет во управувањето во граѓанските организации“, финансиран преку програмата Цивка Мобилитас, објавува:

П О В И К

За ангажирање на Експерт за системи за квалитет во управувањето (СКУ) за граѓански организаии (1 извршител)

Експертот за системи за квалитет во управувањето (СКУ) треба да придонесе во реализирањето на специфичната цел на проектот – Воведување на систем за квалитет во управување во граѓанските организации кои што преку стандардизација на процесите во управувањето ќе придонесат за зголемување на транспарентноста отчетноста и ефикасноста во граѓанскиот сектор

Специфични задачи:

  • Развивање на модел на СКУ втемелена на најдобрите практики како и врз основа на заклучоците од работилниците со граѓанските организации
  • Изготвување на Водич/Прирачник за воведување на СКУ за граѓански организации
  • Спроведување на 2 дводневни обуки за воведување на систем за квалитет во управувањето (СКУ) за граѓански организации.
  • Учество во мониторинг и евалуација на граѓанските организација во рамки на процесот на воведување на СКУ во соработка со работната група и тимот на ЦИКП
  • Учество во менторски активности за воведување на СКУ за граѓански организации од 8 плански региони

Потребни квалификации и вештини

  • Одлично познавање на различни системи за управување во јавен/приватен/граѓански сектор
  • Претходно искуство со воведување на системи за управување, особено во граѓански сектор, ќе се смета за предност (да се достави доказ за претходен ангажман)
  • Сертификат(и) од областа на управувањето ќе се смета за предност (да се достави доказ)
  • Одлични модераторски и фасцилитаторски способности (да се достави доказ за претходен ангажман како модератот/фацилитатор)
  • Претходно искуство во пишување на Водич/Прирачник (да се достават докази од претходни пишани дела како автор/коавтор)

Максималната вредност на договорот е 153750 МКД (2500 ЕУР), а ангажманот на експертите се очекува да биде 20 работни денови во текот на 2 години.

Потребни документи за апликација

  • Кратка биографија (CV)
  • Мотивациско писмо
  • Копии од горенаведените квалификации/вештини

Документите да се достават во електронска форма на следниов е-маил: crpm@crpm.org.mk најдоцна до 27.06.2016 год. до 15.00 ч.

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор