Polio Plus rabotilnica

Семејно насилство врз жените со хендикеп

Polio Plus rabotilnicaПолио Плус – движење против хендикеп на 8 и 9 јуни во хотелот Бест Вестерн во Скопје ја оддржа работилница на тема: „Специфичности на семејното насилство врз жените со хендикеп“. На работилницата учествуваа давателите на услуги на жени жртви на семејно насилство, како и претставници на релевантните државни институции.

Polio Plus rabotilnica

 

Австриските експерти кои беа задолжени за обуката им ги пренесоа знаењата и добрите практики на македонските даватели на услуги и им ги подигнаа капацитети и знаењата за големиот број специфичности на жените со хендикеп жртви на семејно насилство.

Работилницата се спроведе како дел од активностите на Независната Балканска мрежа на организации на лица со хендикеп, а беше поддржана од Цивика мобилитас и Австриската влада.

Продолжи со читање

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

  • #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas

    #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија во изданијата на Civica Mobilitas и Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС пред крајот на 2025.
    The post #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas first appeared on Finance Think.
    The post #Фискалната отчетност во фокусот на нашата сторија на Civica Mobilitas appeared first on Finance Think.

  • Нова Студија за политиките 57!

    Нова Студија за политиките Анализираме како јавните финансии се претвораат (или не) во подобри исходи во образованието и здравството во шест земји од Западен Балкан, користејќи панел податоци за периодот 2006–2020 и CMP методологија. Клучни наоди: • Не е доволно колку трошиме — важно е како трошиме: подоброто извршување на буџетот е клучниот канал преку […]
    The post Нова Студија за политиките 57! first appeared on Finance Think.
    The post Нова Студија за политиките 57! appeared first on Finance Think.

  • Граѓанскиот ресурсен центар во 2025

    Зад нас е година исполнета со соработка, ангажман и заедничко дејствување, во која граѓанските организации беа во фокусот на активностите на Граѓанскиот ресурсен центар, редовно споделувајќи информации, јакнејќи ги нивните капацитети и поддржувајќи процеси релевантни за развојот на граѓанското општество. Во изминатата година, Граѓанскиот ресурсен центар постигна значајни резултати преку бројни активности спроведени за и со граѓанските организации.

  • Граѓанските организации во 2025 продолжија да го менуваат општеството

    Време е за уште едно сумирање на направеното, кое веруваме ќе ни даде на сите причини зошто вреди да продолжиме уште погласно и поодлучно во новата 2026 година. Годината што ја завршуваме беше година на предизвици, но и на солидарност, поврзување и конкретни резултати. Нашата сила останува во заедништвото – кога граѓанските организации, граѓаните и институциите се отвораат за дијалог, се создава простор за промена.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор