Author: Македонски центар за меѓународна соработка

  • Застапување базирано на докази: СЕЛДИ ја заокружи серијата обуки за грантисти

    На 22 април 2026 година, СЕЛДИ ја организираше последната онлајн обука од серијата тематски обуки за грантистите, насловена „Застапување базирано на докази: Од истражување до јавни политики“. Настанот ги обедини грантистите со цел дополнително зајакнување на нивните капацитети за застапување и унапредување на употребата на податоци во процесите на креирање политики.

  • Граѓанските организации со предлози за подобра Национална стратегија за спречување на корупцијата

    Македонскиот центар за меѓународна соработка на 21.04.2026 година организираше тематска работилница посветена на предлог Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030, како и на Акцискиот план за нејзино спроведување. На работилницата учествуваа претставници од организациите членки на Платформата на граѓански организации за борба против корупција. 

  • Нови алатки, нови можности: голем интерес за AI кај граѓанските организации

    Граѓанскиот ресурсен центар продолжува да ги јакне граѓанските организации. Овој пат, фокусот беше ставен на начинот на користење на вештачката интелигенција (AI) во работењето на граѓанските организации. На инфосесијата која се одржа онлајн на 16 април 2026 г. присуствуваа околу 60 учесници.

  • Во спомен на Данило Митов (1960 – 2026)

    Со длабока тага се простуваме од нашиот драг колега, Данило Митов (Дачо), кој долги години беше значаен дел од нашата организација и остави силен белег со својата работа и личност.

  • Превенцијата како заедничка одговорност: локално лидерство за побезбедни заедници

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам (НКСНЕБТ) на 26 марти 2026 година организираше координативен состанок на тема „Заедно за побезбедни заедници: локално лидерство и национална координација“, на кој учествуваа 36 претставници од национални институции, локални самоуправи од осум општини со кои работи конзорциумот на МЦМС, како и претставници на граѓански организации.

  • Системски промени, транспарентност и млади со порака за посилно општество

    Во првите три месеци од 2026 година, Цивика мобилитас продолжи да ги поддржува иницијативите кои го менуваат системот однатре, и тоа преку застапување, анализа и директна работа со граѓаните. Сториите објавени во јануари, февруари и март ја покажуваат широчината на граѓанскиот ангажман, опфаќајќи теми од дигитализација на државните регистри и борба против корупцијата, до младите кои бараат причина да останат дома.

  • Како младите можат да влијаат на политиките

    Дваесет средношколци учеа како да застапуваат за прашањата кои им се приоритетни и како да влијаат на политиките. Покрај теориските знаења, преку вежбите тие стекнаа и практични вештини со кои ќе ја зајакнат нивната улога на активни чинители во процесите на носење одлуки во заедниците.

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество со засилена работа во 2025 година

    Во 2025 година, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество имаше интензивна и динамична работа, потврдувајќи ја својата улога како важен механизам за дијалог и партнерство меѓу институциите и граѓанското општество. Во текот на годината беа одржани 7 седници, на кои се разгледуваа актуелни прашања и јавни политики од значење за овозможувачката средина, учеството на граѓанските организации во креирањето политики и нивната финансиска одржливост.

  • Државните службеници на обука за унапредување на учеството на граѓанските организации во креирањето политики

    На 13 март 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје, се одржа обука на тема „Ефективно учество на граѓанските организации во процесот на креирање политики“. Настанот беше организиран од Граѓанскиот ресурсен центар, во партнерство со Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за јавна администрација. На обуката учествуваа 23 државни службеници, членови на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество и координатори за проценка на влијанието на регулативата (ПВР).

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор