Author: Македонски центар за меѓународна соработка

  • Соработка, идеи и граѓанска енергија на „Форумот на идеи“ во Штип

    Триесетина претставници на граѓанските организации од Источниот регион Виница, Делчево, Пехчево, Радовиш, Свети Николе и Штип учестуваа на дебатата за застапување “Форум на идеи“, што се одржа на 24 септември во Ресурсниот центар во Штип. Настанот беше организиран со цел подобро запознавање, овозможување на простор за меѓусебна соработка, размена на искуства и идеи, како и поттикнување на заеднички иницијативи за застапување.
    Централната тема на настанот беше застапувањето на граѓанските организации, а учесниците преку интерактивни активности дискутираа за својата работа, приоритети и тековни предизвици.

  • Најновиот Билтен за Анти-корупција на СЕЛДИ е тука: Реформирање на регионот, отпор кон корупцијата

    Ова 79то издание на билтенот ги истакнува клучните антикорупциски и владејачки развојни процеси низ Западен Балкан, прикажувајќи ги напорите на партнерите на SELDI во спроведувањето реформи и зајакнувањето на отчетноста.

  • Заедно за поактивно граѓанско општество во Демир Капија

    На 26 август, се одржа посета на Мобилниот ресурсен центар во просториите на општина Демир Капија. На средбата локалните организации и активисти се информираа за актуелностите поврзани со развојот на граѓанското општество, можностите за финансирање и јакнење на организациите, како и за услугите што ги нуди Граѓанскиот ресурсен центар. Посетите на Мобилниот ресурсен центар имаат за цел Граѓанскиот ресурсен центар да се доближи до локалните организации во различните општини и региони и да поразговара за потребите и предизвиците со кои се соочуваат организациите во своето работење.  

  • Јавен повик за учество во менторска програма на ГРЦ

    Дали вашата организација има потреба од поддршка во подобрување на своето работење, градење капацитети и долгорочен развој?
    Граѓанскиот ресурсен центар објавува повик за граѓански организации за учество во програма за менторска поддршка насочена кон зајакнување на организациските капацитети и унапредување на внатрешните процеси на организациите.

    Преку оваа програма, пријавените организации ќе добијат директна поддршка од ментори во една или повеќе од следните области:

    Дигитална трансформација – воведување или подобрување на дигиталните алатки, процеси и комуникации во граѓанската организација
    Волонтерство – развивање на програма за волонтирање, ангажирање и управување со волонтери
    Финансиски менаџмент – транспарентност, отчетност и ефективно управување со финансиите на граѓанската организација, буџетирање и финансиско известување
    Стратешко планирање – дефинирање на долгорочни цели и насоки на делување на граѓанската организација и подготвување на стратешки план
    Застапување – развој на стратегии за влијание врз јавни политики и промовирање на граѓански иницијативи
    Erasmus + – Карактеристики и специфики на програмите на Erasmus +
    Проектен менаџмент – ефективно планирање и спроведување на проекти
    Добро управување, транспарентност и отчетност на граѓанската организација
    Видливост и односи со медиуми на граѓанската организација
    Административно работење на граѓанската организација
    Анализа на организациски капацитети

    Кој може да аплицира?
    Повикот е отворен за граѓански организации регистрирани согласно на Законот за здруженија и фондации, кои активно работат на локално, регионално или национално ниво и имаат потреба од поддршка во една или повеќе од наведените области.
    Како да аплицирате?
    Заинтересираните организации треба да изразат интерес објаснувајќи ги главните предизвици и областите во кои бараат менторска поддршка.
    Што добивате?
    ✅ Индивидуален пристап и менторска поддршка✅ Конкретни алатки и ресурси за долгорочна примена✅ Поддршка во применување на наученото во практична употреба
    Не ја пропуштајте можноста да ја зајакнете вашата организација и да го подигнете вашето влијание во заедницата!
    За дополнителни информации, контактирајте нè на: info@rcgo.mk 
    Пријави се на следниов форумулар на ГРЦ.

  • Превенцијата на радикализацијата – предизвик за сите: работилници во Тетово и Охрид

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во соработка со Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам (НКСНЕБТ), на 15 и 16 август 2025 година организираше работилници во Тетово и во Охрид на тема „Радикализација – препознавање и методологија на работа“. Настаните ги обединија членовите на Националниот комитет и претставници од клучните безбедносни институции – Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и Министерството за одбрана.

  • Граѓански импулс #7: месечен осврт на активностите на грантистите

    Во јули доминираа активностите на грантистите на Цивика мобилитас насочени кон јакнење на родовата еднаквост и социјалната инклузија. По нив следуваа иницијативите посветени кон заштита на животната средина и подобрување на образованието.
    Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП) и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) поднесоа тужба од јавен интерес против Владата и Министерството за здравство, барајќи измени во Законот за здравствено осигурување за да се обезбеди еднаков третман за жените земјоделки, кои се исклучени од правото на платено породилно отсуство и покрај тоа што редовно плаќаат здравствено и социјално осигурување. Комисијата веќе потврди дека постојат продолжена и индиректна дискриминација, а тужбата има за цел да ја надмине оваа нееднаквост и да ја зајакне заштитата на репродуктивните и работничките права на овие жени. Тужбата е поднесена како дел од проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“, поддржан од Владата на Швајцарија, преку Цивика мобилитас.

    ХКЧП во партнерство со ХОПС-Опции за здрав живот и Коалција Маргини, на 23 јули одржаа обука за членовите и вработените на КСЗД, со цел да се подобри разбирањето за предрасудите, стигмата и дискриминацијата кон ЛГБТИ лицата, лицата кои користат дроги и лицата со ХИВ, и да се зајакнат капацитетите за инклузивен пристап во нивната работа. Експертите од Мрежата за заштита од дискриминација посебно се осврнаа на препознавањето на личните предрасуди и начинот на кој членовите на Комисијата можат да бидат сојузници во заштита на правата на маргинализираните заедници.
    Женската граѓанска иницијатива (ЖГИ) Антико заедно со партнерските организации „Секогаш Соживот“ и Адрион, во Кичево организираа информативна и едукативна сесија посветена на економско јакнење на жените. Преку проектот „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, учесничките добија информации за пристап до институции за микрофинансирање, грантови и програми за развој на бизнис-идеја.

    Во Неготино, Порака Неготино, ЕКО-ЖИВОТ од Кавадарци и Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес, го доближија медицинскиот персонал со реалноста на лицата со попреченост преку одржување на три средби. Првата средба ги обедини докторите и пациентите, меѓу кои д-р Розјана Николова Јанева и д-р Аспарух Димковски, кои ги споделија своите професионални искуства, а лицата со попреченост и нивните старатели зборуваа за предизвиците и очекувањата, трасирајќи пат кон поемпатична и пристапна здравствена услуга. Втората сесија, одржана на 7 јули во Еко кампот на езерото „Младост“ кај Велес, ја пренесе оваа енергија во отворена и инспиративна средина, каде медицинските работници учеа за протоколите за опфат и третман, но и ја слушнаа силата на личните приказни, а истото се случуваше и на последната средба на 11 јули, во ресторан „Бриони парк“ во Кавадарци. Средбите  и презентациите со медицинскиот персонал се дел од проектот „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“.

    Форумот за разумни политики, Институтот за општествени и хуманистички науки- Скопје (ИОХН-С) и Балканскиот институт за регионална соработика (БИРС) ја објавија студијата „Од политички реформи кон реформи базирани на експертиза“, која, според м-р Бардул Заими, укажува дека „Северна Македонија сè уште се соочува со длабоки предизвици поврзани со преминот од реформи што главно се засноваа на краткорочни политички интереси, кон одржливи и професионални реформи базирани на експертиза“. Ахмед Ќазими зборува за „Трансформацијата на универзитетите и нивните предизвици во модерната епоха“  и укажува дека образованието сè повеќе се третира како пазарен производ, што доведува до промени во улогата на универзитетот, кој треба да се трансформира од место за пренос на знаење во простор каде што значењето се гради заеднички. Студијата е дел од проектот „Застапување за инклузивен развој“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Во полето на животната средина, Еко зелено движење од Берово и Центарот за климатски промени организираа едукативен настани за превенција од шумски пожари. На 26 јули на плоштадот во Берово, заедно со локални жители, институции и активисти, беа одржани интерактивни сесии и панел дискусии за заштита на шумите, со посебен акцент на учеството на децата кои преку својата порака потсетуваат дека иднината зависи од денешните одлуки. Настанот испрати јасна порака за потребата од законски измени, подобра координација и поголеми вложувања во шумската заштита, како и активна улога на граѓаните и младите.

    Од тужби и обуки, преку едукативни сесии, јавни настани и студии, грантистите на Цивика мобилитас уште еднаш докажаа кога луѓето, идеите и посветеноста се здружени, секој месец може да биде месец на вистински промени.
     

  • Од откривање до акција: СЕЛДИ ги зајакнува капацитетите на граѓанските организации за следење на изборниот интегритет

    На 23 јули 2025 година, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во име на Мрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа  (СЕЛДИ), во партнерство со Центрите за граѓански иницијативи (ЦГИ) и Коалицијата Под лупа од Босна и Херцеговина, организираше онлајн обука фокусирана на интегритетот на изборите.

  • БЦСДН го објави Извештајот за овозможувачката околина на граѓанското општество 2024

    Аларм за стеснување на граѓанскиот простор во Западен Балкан и Турција во услови на ескалирачки закани
    Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) го објави единаесетиот по ред, регионален годишен извештај за следење на овозможувачката околина за граѓанското општество. Извештајот ги опфаќа состојбите во шест земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија), како и Турција во 2024, и укажува на сериозни нарушувања на граѓанските слободи и демократските вредности.

  • Млади Македонци од дијаспората се поврзуваа со татковината

    На 17 јули 2025 година, шест млади Македонци од дијаспората го завршија престојот во Македонија и учеството во тринеделната програма „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) 2025. Организирана од Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), оваа програма секоја година им овозможува на младите чии корени се во Македонија да се поврзат со татковината преку стручни пракси, преку средби со различни општествени чинители, запознавајќи ја културата на земјата. На завршната свеченост која се одржа во Вајн Бери (Wine Berry) во Скопје, учесниците се осврнаа на своите искуства од деветтото издание на „Родум од Македонија“.

    „Моето време поминато во Македонија преку програмата е искуство што ќе го носам со себе засекогаш“, вели Лила Илиева Ноневски од САД. „Стекнав пријатели за цел живот и бев дел од извонредни авантури. Имав можност повторно да се поврзам со моето потекло, семејството и културата. Ќе ги паметам доцните разговори  со шопска салата и пеењето во автомобил додека патувавме меѓу историските локалитети,“ рече таа.
    Викендите беа посветени на запознавање на културно наследство. На почетокот учесниците уживаа во запознавањето со Скопје. Тие го посетија кањонот Матка, црквата „Св. Пантелејмон“, Водно, Старата скопска чаршија и центарот на градот. Вториот викенд беа во Охрид, каде ги разгледаа културните знаменитости како што се црквата „Св. Софија“, Античкиот театар, „Св. Јован Канео“ и манастирот „Св. Наум“, пред да се разладат во прекрасното Охридско Езеро во с. Трпејца. Следниот ден заминаа за Битола, каде ја посетија познатата Саат-кула, црквата „Св. Димитрија“, прошетаа по Широк сокак и го разгледаа Музејот на Битола. Последниот викенд го минаа на традиционалната Галичка свадба.

    Во текот на работната недела, учесниците имаа „Среда надвор од канцеларија“, или пауза од нивните пракси за да се вклучат во други активности.  Тие беа гости на Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во Собранието на Р.С. Македонија се сретнаа со пратеничката Марија Петрушевска, а го посетија и Министерството за надворешни работи, каде се сретнаа со Боро Мирчевски и Горан Ангелов од Агенцијата за иселеништво. Разговараа за зајакнување и подобрување на односите меѓу Македонија и дијаспората. Учесниците ги посетија и Музејот на македонската борба за самостојност, Меморијалниот центар на холокаустот, Археолошкиот музеј на Македонија, Музејот на македонските бегалци, како и гробот на Гоце Делчев. Оваа година, за првпат беа вклучени во општествено одговорни активности како што беше акцијата за чистење на отпадоци во Градскиот парк во Скопје.

    „Оваа програма се стреми да ги прикаже значајните историски настани од Македонија, но и да понуди внатрешен поглед во политичкиот систем,“ смета Кирил Гаџовски oд Канада. Тој додаде дека најмногу ќе го памети капењето во Трпејца за време на посетата на Охрид.
    На завршниот настан учествуваа претставници од компаниите каде учесниците ја извршуваа својата практична работа, Македонци од дијаспората, локални Македонци, тимот одговорен за програмата и други поддржувачи. Заедно го прославија успехот на учесниците од „Birthright Macedonia 2025“ и нивната продлабочена поврзаност со македонските корени.

    Ова е деветтиот по ред „Родум од Македонија“. Досега, преку програмата, повеќе од 60 млади луѓе од САД, Канада, Австралија, Велика Британија, Швајцарија, Босна и Херцеговина и Нов Зеланд имаа можност директно да се поврзат со своите корени и татковина. Секоја година, ОМД и МЦМС ги пречекуваат студенти од втора, трета, па дури и четврта генерација Македонци родени во дијаспората. За некои ова е прва посета на Македонија, а за други, прво доживување на земјата на нов, подлабок начин.

    Следно >

    Поврзани:

  • Безбедноста е обврска на сите, не само на институциите

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против терориза (НКСНЕБТ) на 16 јули 2025 година ја организираа работилницата „Радикализација – препознавање и методологија на работа“. На настанот учествуваа дел од членовите на Националниот комитет како и претставници на клучните безбедносни институции: Министерството за внатрешни работи – Биро за јавна безбедност, Агенцијата за национална безбедност, Агенција за разузнавање и Министерството за одбрана.

    Во своите воведни обраќања, националниот координатор  Павле Трајанов и директорот на МЦМС, Александар Кржаловски се осврнаа на соработката меѓу граѓанскиот сектор и институциите во областа на спречување на насилен екстремизам и радикализација, посочувајќи дека со текот на времето е воспоставена координација и комуникација што овозможува граѓанскиот сектор да има конструктивна улога во поддршката на чувствителни безбедносни процеси. Трајанов, го нагласи значењето на координираното дејствување и меѓусекторската поврзаност, подвлекувајќи дека безбедноста не е исклучиво надлежност на државните органи, туку е и поширока општествена одговорност во која граѓанското општество и меѓународните партнери имаат суштинска улога.

    Содржината на работилницата беше структурирана низ интерактивни излагања и дискусии предводени од проф. д-р Тања Милошевска, од Филозофскиот факултет, Институт за безбедност, одбрана и мир при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, и полковникот Методи Хаџи-Јанев, вонреден професор и д-р по меѓународно право на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” која е дел од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во своето излагање, Милошевска се фокусираше на теоретската рамка на радикализмот, објаснувајќи ги разликите меѓу радикализам, насилен екстремизам и тероризам – три поими кои често се користат како замена еден на друг, но опишуваат суштински различни феномени. Беа обработени и различните форми на радикализација – од религиозен, етнички и политички радикализам, до се понагласената онлајн радикализација преку дигитални канали и социјални мрежи. Дискусиите го опфатија и процесот на радикализирање, фазите низ кои тој се развива, како и индикаторите за рано препознавање.
    Во вториот дел од работилницата, професорот Методи Хаџи-Јанев се осврна на практичните аспекти на интервенција, со акцент на улогата на полицијата и другите институции во спречување на радикализацијата. Неговото излагање ја нагласи важноста на довербата помеѓу институциите и заедницата, потребата од пристапи за де-ескалација и меѓуинституционална соработка. Преку практични примери и сценарија, се разработуваа пристапи во справување со лица кои покажуваат знаци на радикализација, како и улогата на различни институции – од образовните, социјалните и верските институции до безбедносните служби – во мултисекторска соработка.

    Учесниците истакнаа дека содржината била интересна за сите и дека со вакви работилници треба да бидат опфатени повеќе припадници на безбедносните служби, особено на Министерството за внатрешни работи. Дел од нив изразија интерес и за други аспекти во справувањето со овие предизвици поврзани со финансирањето, хибридните закани, како и за подлабински погледи на потеклото на радикализацијата. Вакви интензивни и стратешки насочени работилници придонесуваат за  зајакнување на капацитетите на безбедносните институции за рано препознавање и координиран одговор  на ризиците поврзани со радикализацијата и насилниот екстремизам, отворајќи простор за подлабоко институционално вмрежување и соработка со граѓанското општество во интерес на мирот и стабилноста во земјата.

    Следно >

    Поврзани:

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор