[Aggregator] Downloaded image for imported item #44645

Перцепцијата за корупција останува висока: судиите и обвинителството на врвот

Во 2025 година судиите остануваат највисоко рангирани како корумпирана професионална група, односно 79% од граѓаните сметаат дека речиси сите или повеќето судии се вклучени во корупција. По нив следуваат јавните обвинители (74,6%), полициските службеници (69,8%), лидерите на политички партии (66,3%) и пратениците (64,9%). Најниска перцепција за корупција и понатаму има кај наставниците (24,6%) и банкарите (28,1%), како и кај универзитетските професори и граѓанските организации, кои остануваат под прагот на мнозинска недоверба.

info3 mk

И на институционално ниво, судовите остануваат на врвот според распространетоста на корупцијата, односно 73,1% од испитаниците им дале високи оценки (4 и 5). Следуваат обвинителството (64,1%), царината (64,0%) и Министерството за здравство (63,3%).

Резултатите укажуваат дека граѓаните сè повеќе ја перципираат корупцијата како системски проблем, обликуван од општата состојба во општеството, медиумите и јавните дебати, а не само од лично искуство. Иако довербата во Владата и министрите бележи подобрување, вниманието на јавноста сè повеќе е насочено кон судството, обвинителството, полицијата и царината, додека образованието, банкарството и граѓанскиот сектор остануваат меѓу најмалку корумпираните области.

MCMS infografik 2025 percepcii MKD 001

Истражувањето покажува дека поголемиот дел од граѓаните очекуваат коруптивниот притисок да продолжи. 78,9% сметаат дека постои веројатност или голема веројатност за коруптивен притисок, додека само 21,1% веруваат дека тој ќе биде мал или воопшто нема да постои. Ова ја потврдува перцепцијата дека корупцијата останува сериозен системски проблем.

Во однос на можноста за намалување на корупцијата, граѓаните се загрижувачки песимисти, односно 66,6% сметаат дека корупцијата не може значително да се намали, додека 33,2% веруваат дека може да се намали или целосно искорени. Песимизмот може да го зголеми прифаќањето и ризикот од вклученост во коруптивни практики.

Сепак, перцепциите за доверба во антикорупциските институции покажуваат позитивен тренд. Во 2025 година, 47,4% од граѓаните изразиле целосна или делумна доверба во Владата, наспроти 23,6% во 2023 година. Министерството за внатрешни работи бележи најголем раст на доверба (50,3% во 2025 г.). Во споредба со тоа, ДКСК бележи благо зголемување на недовербата, а судовите (86,3%) и обвинителството (77,3%) и натаму се институциите со најниска доверба за справување со корупцијата.

MCMS infografik 2025 percepcii MKD 002

rma car 2025 book„Извештајот за проценка на корупцијата во Северна Македонија- 2025“ , е подготвен од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) како дел од проектот „Граѓанскоопштество за добровладеење и антикорупција во ЈугоисточнаЕвропа: Градење на капацитетите за застапувањеврзбаза на докази, влијаниеврзполитиките и граѓанскиангажман (СЕЛДИ.нет)“, финансиран од Европската комисија.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор