[Aggregator] Downloaded image for imported item #49031

Членките на БЦСДН разговараа за идните стратешки и дигитални чекори на мрежата

Претставници на организациите членки на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН), меѓу кои и МЦМС, минатата недела се состанаа во Валона, Албанија, на тридневен настан посветен на стратешкото планирање и дигитализацијата на алатките за мониторинг на граѓанскиот простор во регионот. Работните средби се одвиваа од 16 до 18 јуни 2026 година.

Претставниците разговараа за позиционирањето на мрежата во контекст на новите регионални, европски и донаторски случувања и нивното влијание врз граѓанскиот сектор. Учесниците се осврнаа на клучните достигнувања, научените лекции и предизвиците од имплементацијата на актуелната Стратегија на БЦСДН, притоа дискутирајќи ги идните приоритетни области за застапување и регионален ангажман.  Посебно внимание беше посветено на идната улога на Матрицата за мониторинг и Системот за рано предупредување, чија цел е зајакнување на процесите за рано реагирање и мониторинг заснован на докази. Овие дискусии ќе користат како основа за подготовка на идните програми на мрежата.

По стратешките дискусии се одржа техничка работилница на која експертите за Матрицата за мониторинг официјално ја отпочнаа третата валидациска фаза на дигиталната платформа „AI Matrix”. Оваа иновативна платформа претходно успешно помина два филтри на проверка, од кои првиот се однесуваше на усогласувањето со самата методологија, рамката за бодување и логиката на проценка на Матрицата, додека вториот дел го потврди дигиталниот работен процес, односно успешното трансформирање на досегашното мануелно пополнување во автоматизиран систем на известување. Работилницата во Валона го означи почетокот на клучната трета фаза за тестирање и финализација на алатката.

На настанот, покрај претставници на МЦМС, учество земаа и Граѓански иницијативи од Србија, Партнерс Албанија за промена и развој, ЦРНВО Центар за развој на ГО од Црна Гора, Фондација за граѓанско општество Косово (КЦСФ) и Центарот за промоција на граѓанското општество (ЦПЦД) од Босна и Херцеговина.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор