[Aggregator] Downloaded image for imported item #49559

Меѓусекторски дијалог за доверба

Како да се применат мерките против перење пари и финансирање тероризам без да се загрози работата на НПО?

Дијалогот и соработката се клучот за градење доверба и олеснување на секојдневното работење на НПО. Во контакт со финансиските институции, непрофитните организации (НПО) понекогаш можат да се соочат со долги процедури, формулари што збунуваат, барања за дополнителни документи. Ова произлегува од мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам. А, ваквите проверки не се секогаш потребни и треба да се применуваат во зависност од ризиците.  

18 претставници од банките во Северна Македонија, Народна банка на РСМ и Управата за финансиско разузнавање во отворен дијалог и конструктивна атмосфера ги вкрстија своите ставови на првата средба на меѓусекторската работна група банки, регулаторни институции и НПО што се одржа на 18.06.2026 година во „Јавна соба“ во Скопје.

Работната група е единствен механизам за вакви консултации во земјата. Глобално вакви примери постојат само во 16 држави, со што преку активностите во проектот „Промени за одржливост“, ја позиционираме нашата држава како дел од ретка група земји кои не само што ги следат меѓународните стандарди, туку и активно ги адаптираат во локален контекст преку дијалог меѓу сите засегнати страни.

Предизвици низ различни перспективи: НПО, банки и регулатори

Фотографија на Конект

Административните барања и сложените процедури често го отежнуваат функционирање на НПО:

  • прикачување договори при секоја трансакција од донатори, предизвици со донации и уплати од странство;
  • повторно доставување основачки акти и статути и по повеќе години како клиенти;
  • административни пречки при отворање проектни потсметки и впишување на вистински сопственик.  

Предизвик идентификувавме кај впишувањето на вистински сопственик кај фондациите, каде што банките и регулаторите имаат различни толкувања, што создава несигурност и дополнителни обврски за фондациите и ова беше идентификувано како прашање кое треба да се дорегулира, со цел креирање заштита и безбеден простор за функционирање на истите.

Се осврнавме на практичните аспекти од примената на изменетата Препораката 8 од FATF, која бара мерките да бидат засновани на проценка на ризик и пропорционални – односно да штитат од злоупотреба, но да не ги ограничуваат легитимните активности на непрофитните организации.

Нова национална стратегија за спречување перење пари и финансирање тероризам за побезбеден финансиски систем

Управата за финансиско разузнавање ја презентираше новата Национална стратегија за спречување перење пари и финансирање тероризам (2026–2029),  документ кој ги дефинира врвните политики на државата во оваа област. Стратегијата е усогласена со препораките на FATF и директивите на ЕУ, како и со извештајот на Комитетот MONEYVAL за Северна Македонија. Главната цел на новата национална стратегија е да се изгради поефикасен, координиран и отпорен систем за спречување на перење пари, финансирање на тероризам, преку зајакнување на институциите, унапредување на нивната соработката и обезбедување на поголеми ефекти во откривањето и казнувањето на сторителите на кривичните дела перење пари и финансирање на тероризам и нивно лишување од нелегалните приходи. 

Поттикнавме голем интерес и дефиниравме следни чекори за работата на групата за меѓусекторски дијалог. Преку активна соработка меѓу НПО, регулаторот и банките ќе работиме на информирање на клучните чинители за новите барања од меѓународната регулатива за примена на систем базиран на реални ризици што ги намалува бариерите до финансиски услуги на НПО, едукација на кадрите на банките за зголемено разбирање на новите препораки кои овозможуваат непречен пристап до финансиски услуги и легитимна работа на ГО, стекнување на практично знаење на кадрите во банките за работа со НПО, но и едукација на НПО за нивна заштита од злоупотреби за цели на перење пари и финансирање тероризам.

Првата средба на меѓу-секторската работна група банки, регулатор и НПО се организираше во рамки на проектот „Промени за одржливост“ што го спроведува здружението Конект во партнерство со Младинска асоцијација ИМКА Битола.  Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на КОНЕКТ

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор