[Aggregator] Downloaded image for imported item #47888

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за лидерство „Карол Белами“ (Carol Bellamy) 2026

Што е наградата за лидерство „Carol Bellamy“ (CBLA)?

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), оваа година е носител на Наградата за лидерство „Карол Белами“ (Carol Bellamy) 2026 за Северна Македонија.

Наградата првпат беше воспоставена од Глобалниот фонд за ангажман и отпорност на заедниците (ГЦЕРФ) во 2021 година, и е посветена на жени кои работат на пресекот помеѓу зајакнувањето на жените и превенција и спречување на насилниот екстремизам (П/СНЕ)

Наградата обезбедува финансиска поддршка за добитничките на наградата и поддржува разновидни проекти поврзани со зајакнувањето на жените и П/СНЕ. Особено, поддржува локализирани решенија за сложени потреби во однос на зајакнувањето на жените и П/СНЕ, кои што се идентификувани од самите добитнички.

Во 2026 година, ќе биде доделена по една награда во износ од 2.000 американски долари на организации предводени од жени или на жени кои работат на пресекот помеѓу зајакнувањето на жените и П/СНЕ, во секоја партнерска земја на ГЦЕРФ, вклучително и во Северна Македонија како една од партнерските земји на ГЦЕРФ

Кој може да аплицира за CBLA наградата?

Право на аплицирање има жена или организација предводена од жени, која работи на зајакнување на жените, превенција и спречување на насилен екстремизам (П/СНЕ). Со цел да се обезбеди правичност, партнерите на ГЦЕРФ, како и претходните добитнички на наградата, немаат право да аплицираат за оваа награда.

Ќе биде доделена по една награда во секоја партнерска земја на ГЦЕРФ.

Во Северна Македонија, добитниците ќе бидат избрани од потесна листа на апликанти од страна на МЦМС. МЦМС е носител на иницијативата за Северна Македонија за 2026 година и е одговорен за идентификување на добитниците на наградите, исплата на средствата, следење на спроведувањето и мониторирање на добитниците при реализацијата на нивните проекти.

Што е потребно за да се поднесе апликација за наградата?

Заинтересираните поединци или организации треба да достават предлог од најмногу две страници на електронската адреса: mcms@mcms.mk. Во предлогот треба да објаснат како планираат да ги искористат средствата во износ од 2.000 американски долари, доколку бидат избрани за добитници на наградата „Карол Белами“ (Carol Bellamy) 2026 и/или да поднесат кратко видео. Доколку се поднесува видео, пријавата сепак е задолжителна, а видеото треба да ги опфати прашањата наведени на втората страница од приајвата.

Апликантите мора да наведат на кој/кои столб(ови) ќе се однесуваат нивните проекти:

СТОЛБ 1: Поддршка за развој на мала локална организација предводена од жени, фокусирана на превенција на насилен екстремизам, на начин што организацијата го смета за суштински. Поддршката може да опфати оперативни трошоци, обуки, канцелариски трошоци, набавка на опрема и слично.

СТОЛБ 2: Развивање на лидерските вештини на жените и/или овозможување нивно унапредување на лидерски позиции во областа на превенцијата на насилен екстремизам.

СТОЛБ 3: Идентификување и поддршка на жени од заедници ранливи на насилен екстремизам, со цел тие да воспостават нови или да ги водат своите постојни иницијативи.

Апликацијата треба исто така да одговори на следните прашања:

  • Која е вашата историја или позадина, односно историјата/позадината на вашата организација?
  • Доколку бидете избрани, како ќе ја искористите наградата „Карол Белами“ за 2026 година?
  • Како наградата „Карол Белами“ ќе ви овозможи да придонесете кон зајакнување на жените и превенција на насилен екстремизам? На кој столб се однесува вашиот проект и како?
  • Како наградата „Карол Белами“ ќе ви овозможи да придонесете кон спречување насилен екстремизам?
  • Дали сте официјално регистрирани како граѓанска организација? Доколку да, потребно е да ја доставите и официјалната документација за регистрација.

Како ќе се избираат добитниците на наградата „Карол Белами“ за 2026 година?

Апликациите ќе бидат разгледани од страна на МЦМС, користејќи однапред утврдена рамка за селекција.

Дополнителни информации

Ве молиме имајте предвид дека добитничките ќе треба да достават информации за начинот на кој ја спроведуваат наградата во текот на 2026 година.

Добитничките на наградата „Карол Белами“ за 2026 година година ќе бидат избрани и ќе ги спроведуваат своите активности од јули до ноември 2026 година.

Ве молиме имајте предвид дека само организации предводени од жени или жени (како индивидуи) имаат право да се пријават. Претходни добитнички не се подобни за аплицирање.

Краен рок за аплицирање

Сите апликации мора да бидат испратени на mcms@mcms.mk најдоцна до 12 јуни 2026 година.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Јавен повик за пријавување на студенти/ки и млади новинари/ки за Национален тренинг за професионално новинарство, иновативни медиумски алатки и медиумска писменост

    Во ера на брз проток на информации и дигитални предизвици, зајакнувањето на капацитетите на идните и младите новинари е клучно за квалитетно и професионално известување. Овој национален тренинг ќе ви обезбеди практични знаења и вештини за користење на современи алатки и ќе ви помогне суштински да ги разберете клучните предизвици на медиумската писменост. Преку интерактивни […]
    Read More… from Јавен повик за пријавување на студенти/ки и млади новинари/ки за Национален тренинг за професионално новинарство, иновативни медиумски алатки и медиумска писменост
    The post Јавен повик за пријавување на студенти/ки и млади новинари/ки за Национален тренинг за професионално новинарство, иновативни медиумски алатки и медиумска писменост appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • ПОВИК ЗА АЛУМНИ ЧЛЕНОВИ НА ТРЕНИНГ ПРОГРАМА ЗА ДИГИТАЛНИ ПРАВА И МЕНТОРСКА ПОДДРШКА ЗА КРЕИРАЊЕ ИНИЦИЈАТИВИ

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот „Јакнење на идните правни лидери за владеењето на правото во дигиталната ера“ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, објавува повик за алумни членови за учество во Тренинг-програма за дигитални права и менторска поддршка […]
    The post ПОВИК ЗА АЛУМНИ ЧЛЕНОВИ НА ТРЕНИНГ ПРОГРАМА ЗА ДИГИТАЛНИ ПРАВА И МЕНТОРСКА ПОДДРШКА ЗА КРЕИРАЊЕ ИНИЦИЈАТИВИ appeared first on Myla.

  • БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ХОТЕЛСКИ ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЕДНОДНЕВЕН ТРЕНИНГ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

    Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „MEdIA – Lit (Media Enhancement and Information Literacy for Democratic Engagement)“, кој е дел од програмата „Support to regional thematic networks of Civil Society Organisations (CSOs); Regional networks promoting independent pluralistic media and freedom of expression; and EU Award for Roma Integration“ (Референца: EuropeAid/179703/DH/ACT/Multi, Лот 11: […]
    Read More… from БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ХОТЕЛСКИ ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЕДНОДНЕВЕН ТРЕНИНГ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ
    The post БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ХОТЕЛСКИ ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЕДНОДНЕВЕН ТРЕНИНГ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Повик за изразување интерес за учество во академија за граѓански организации

    Граѓанскиот ресурсен центар објави повик за граѓанските организации кои сакаат да ги зајакнат своите организациски капацитети, отпорност и одржливост. Академијата е тримесечна програма што комбинира организациска самооценка, онлајн курсеви, обуки во живо, менторство и практична работа. Учеството е бесплатно.

  • Јавен повик за ангажирање надворешни експерти

    Центарот за правни истражувања и анализи – Скопје објавува јавен повик за ангажирање две лица за обезбедување стручна поддршка при спроведувањето на проектот „Отворено судство за отчетност и доверба“ (Open Judiciary for Accountability and Trust). Проектот има цел да придонесе кон зголемување на транспарентноста, отчетноста и довербата на граѓаните во судството преку воспоставување стандардизирани практики […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор