Author: Македонски центар за меѓународна соработка

  • Заедно за побезбедни заедници: спроведување на Патоказот за СНЕ/БТ на локално ниво

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во соработка со Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам (НКСНЕБТ), го организираше третиот координативен состанок меѓу националните институции, општините и граѓанските организации на 22 септември 2026 година, во хотел „Стоун Бриџ“ во Скопје. Во фокусот беше прашањето како приоритетите од Патоказот за спречување и борба против тероризмот и насилниот екстремизам 2026–2030 да се преточат во функционални механизми за превенција на локално ниво.

  • Изградба на демократска отпорност во Западен Балкан: Од заробена држава до дигитален суверенитет

    За да се одговори на новите значајни предизвици во борбата против корипција и заробеност на државите од регионот на Западен Балкан, детално анализирани во најновиот Регионален антикорупциски извештај, Мрежата за лидерство за развој и интегритет на Југоисточна Европа (СЕЛДИ) координирана од МЦМС, организираше Форум за политики на 15 септември 2026 година во Подгорица, Црна Гора.

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Првата година од спроведувањето на антикорупциската стратегија веќе е изгубена

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го објави новиот Документ за јавни политики „Менаџирање со роковите и стратешкиот континуитет: Осврт на процесот на донесување на новата Национална стратегија за спречување на корупција и судирот на интереси (2026–2030)“. Документот го анализира целиот процес – од неговото започнување и консултациите со засегнатите страни, до донесувањето на Стратегијата од страна на ДКСК и нејзиното доставување до Собранието со цел усвојување.

  • Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара веднаш да се стопира донесувањето на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“, по скратена постапка

    Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара од Собранието на Република Северна Македонија веднаш да го стопира донесувањето на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ по скратена постапка, поднесен од група пратеници.

  • Регионалната советничка на ГЦЕРФ се сретна со претставници на МЦМС и партнерските организации

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и партнерските организации Центар за заедничка основа (ЦЗО) и Отворена порта – Ла Страда одржаа координативен состанок на кој  присуствуваше и регионалната советничка на ГЦЕРФ за Западен Балкан, Весе Келменди, на 22 јули 2026 година.

  • Јавен конкурс за извршни директори на МЦМС

    Извршните директори на МЦМС го сочинуваат Одборот на директори кој е орган на секојдневно управување  со работниот процес на МЦМС. Овој конкурс е отворен за избор на 2 извршни директори. МЦМС цели едната позиција да се пополни од редот на внатрешни кандидати (вработените), а другата од надворешни кандидати.  Кандидатите треба да имаат: Конкурсотеотворендо20јули 2026година. Пријавување на конкурсот се врши со електронска порака (е-меил),…

  • МЦМС стана полноправна членка на Глобалната коалиција на граѓанското општество за УНКАК

    МЦМС го надгради своето членство во Глобалната коалиција на граѓанското општество за УНКАК и од асоцијативна стана нејзина полноправна членка. Ова претставува признание за долгогодишната посветеност на организацијата и дополнително ги засилува капацитетите за граѓански надзор и притисок во борбата против корупцијата.

  • Општините на првата линија: впечатоци од студиската посета во Холандија

    Проактивната улога на општините, меѓуинституционалната соработка, континуираното градење на капацитетите, волонтеризмот и превенцијата преку заедницата се клучните впечатоци кои ги издвоија учесниците на студиската посета во Холандија која се одвиваше од 9 до 11 јуни 2026 година во Хаг и Делфт.
    Претставници на националните институции поврзани со Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам, на општините Арачиново, Бутел, Гази Баба, Кичево, Сарај, Струга и Чаир и три граѓански организации имаа средби и дискусии со претставници на Министерството за правда и безбедност во Хаг и со претставници на општината Делфт.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор