Првата година од спроведувањето на антикорупциската стратегија веќе е изгубена
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го објави новиот Документ за јавни политики „Менаџирање со роковите и стратешкиот континуитет: Осврт на процесот на донесување на новата Национална стратегија за спречување на корупција и судирот на интереси (2026–2030)“. Документот го анализира целиот процес – од неговото започнување и консултациите со засегнатите страни, до донесувањето на Стратегијата од страна на ДКСК и нејзиното доставување до Собранието со цел усвојување.

Анализата ги препознава позитивните практики, особено инклузивниот пристап и вклучувањето на институциите, граѓанскиот сектор и другите засегнати страни.
Истовремено, таа укажува на сериозни системски слабости поврзани со пробивање на рокови, недостиг на транспарентност во клучни фази од процесот, како и отсуство на увид во исходот од спроведените јавни консултации.
Доцнењето не е само административно прашање и истото има пошироки последици од самото одложување на процесот. Тоа директно влијае врз стратешкиот континуитет и создава временски јаз во спроведувањето на клучните антикорупциски реформи.
Токму затоа, Документот содржи конкретни препораки до клучните институции и чинители со цел да се обезбеди поголема транспарентност, подобро планирање и управување со роковите, како и обезбедување континуитет во спроведувањето на антикорупциските политики.
Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси за периодот 2026–2030 претставува клучен документ за насочување на антикорупциските политики во државата и треба да обезбеди континуитет во борбата против корупцијата. Но, процесот на нејзина подготовка и донесување беше проследен со сериозно пробивање на рокови, што директно влијае врз временската рамка за спроведување на антикорупциски мерки и активности.
Прочитајте го целиот Документ за јавни политики и препораките дадени за надминување на овие предизвици.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50335](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/08/D093D09ED09A_2.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #52048](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/1R-768x548.webp)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #52046](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/Работилница_со_млади_-_Гостивар_1-768x512.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #51987](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/FA-2026-za-web-1024x518-1-768x389.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50953](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/mala-i-golema-deponija-OHIS-1024x584.jpg-768x438.webp)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #51967](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/Project-Grant-Agreement-number-101259627-768x284.png)