Untitled Design (22)

ЈАВЕН ОГЛАС – За ангажирање на експерт за изработка на инфографици

Здружението Иницијатива на жените од Шуто Оризари објавува јавен оглас за ангажирање
експерт за изработка на инфографици за потребите на здружението и презентација на работата
на Центарот „ИСИ Арка“.
Предмет на ангажманот
Ангажираниот експерт ќе биде одговорен за подготовка и изработка на две инфографици за
работата и активностите на Центарот „ИСИ Арка“, врз основа на претходно подготвен материјал
и информации обезбедени од тимот на здружението.
Главни работни задачи и обврски:
 Анализа и обработка на доставените материјали и информации од тимот на
здружението;
 Концептуално осмислување и графичко дизајнирање на две информативни и визуелно
привлечни инфографици;
 Усогласување на содржината и визуелниот изглед на инфографиците со тимот на
здружението;
 Вградување на коментари и предлози од тимот и подготовка на финалните верзии;
 Подготовка на инфографиците во соодветни формати за дигитална употреба и
споделување на социјални мрежи и други комуникациски канали.
Времетраење на ангажманот
Експертот ќе биде ангажиран во времетраење од 10 работни дена.
Потребни квалификации и вештини
Од кандидатите се очекува:
 Искуство во графички дизајн и/или изработка на инфографици;
 Познавање на алатки и програми за графички дизајн;
 Креативност и способност за визуелно претставување на информации;
 Одговорност, почитување на рокови и добра комуникација со тимот на здружението;
 Предност ќе имаат кандидати со претходно искуство во работа со невладини
организации или проекти од општествено значење.
Начин на пријавување
Сите заинтересирани кандидати треба да достават CV (биографија) на следната е-пошта:
inicijativanazeni.sutoorizari@gmail.com
Рок за доставување на пријавите: 04.09.2026

 

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор