[Aggregator] Downloaded image for imported item #49547

Регионалната советничка на ГЦЕРФ се сретна со претставници на МЦМС и партнерските организации

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и партнерските организации Центар за заедничка основа (ЦЗО) и Отворена порта – Ла Страда одржаа координативен состанок на кој  присуствуваше и регионалната советничка на ГЦЕРФ за Западен Балкан, Весе Келменди, на 22 јули 2026 година.

vese

На состанокот беше разгледан досегашниот напредок на програмата. Партнерите информираа за спроведените активности и искуствата од периодот април – јуни 2026 година и ги презентираа постигнатите резултати, предизвиците со кои се соочуваат и придонесот на секоја организација во остварувањето на програмските цели. Размената на информации, како и секогаш придонесе за подобра усогласеност на активностите и зајакнување на заедничкиот пристап меѓу партнерите.

На состанокот беа разгледани и приоритетите за наредниот период, планираните активности и неопходните чекори за нивна успешна реализација. Беше нагласена важноста на континуираната комуникација, координацијата и тесната соработка меѓу партнерските организации како клучни фактори за постигнување одржливи резултати.

Весе Келменди се осврна на регионалните искуства и перспективи, како можност за учење и поширока соработка со колегите кои спроведуваат проекти поддржани од ГЦЕРФ и на идните активности на донаторот во регионот на Западен Балкан.

Состанокот беше организиран како дел од програмата „Рехабилитација за отпорност: патот напред“ кој го поддржува ГЦЕРФ, а го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Центарот за заедничка основа (ЦЗО) и Отворена порта – Ла Страда.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор