Green Corporate Clean Sustainable Habits Food Waste Facebook Post

Меѓусекторски дијалог за доверба: Како да се применат мерките против перење пари и финансирање тероризам без да се загрози работата на НПО?

Дијалогот и соработката се клучот за градење доверба и олеснување на секојдневното работење на НПО. Во контакт со финансиските институции, непрофитните организации (НПО) понекогаш можат да се соочат со долги процедури, формулари што збунуваат, барања за дополнителни документи. Ова произлегува од мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам. А, ваквите проверки не се секогаш потребни и треба да се применуваат во зависност од ризиците.  

18 претставници од банките во Северна Македонија, Народна банка на РСМ и Управата за финансиско разузнавање во отворен дијалог и конструктивна атмосфера ги вкрстија своите ставови на првата средба на меѓусекторската работна група банки, регулаторни институции и НПО што се одржа на 18.06.2026 година во „Јавна соба“ во Скопје.

Работната група е единствен механизам за вакви консултации во земјата. Глобално вакви примери постојат само во 16 држави, со што преку активностите во проектот „Промени за одржливост“, ја позиционираме нашата држава како дел од ретка група земји кои не само што ги следат меѓународните стандарди, туку и активно ги адаптираат во локален контекст преку дијалог меѓу сите засегнати страни.

Предизвици низ различни перспективи: НПО, банки и регулатори

      Административните барања и сложените процедури често го отежнуваат функционирање на НПО:

  • прикачување договори при секоја трансакција од донатори, предизвици со донации и уплати од странство;
  • повторно доставување основачки акти и статути и по повеќе години како клиенти;
  • административни пречки при отворање проектни потсметки и впишување на вистински сопственик.  

Предизвик идентификувавме кај впишувањето на вистински сопственик кај фондациите, каде што банките и регулаторите имаат различни толкувања, што создава несигурност и дополнителни обврски за фондациите и ова беше идентификувано како прашање кое треба да се дорегулира, со цел креирање заштита и безбеден простор за функционирање на истите.

Се осврнавме на практичните аспекти од примената на изменетата Препораката 8 од FATF, која бара мерките да бидат засновани на проценка на ризик и пропорционални – односно да штитат од злоупотреба, но да не ги ограничуваат легитимните активности на непрофитните организации.

Нова национална стратегија за спречување перење пари и финансирање тероризам за побезбеден финансиски систем
 

Управата за финансиско разузнавање ја презентираше новата Национална стратегија за спречување перење пари и финансирање тероризам (2026–2029),  документ кој ги дефинира врвните политики на државата во оваа област. Стратегијата е усогласена со препораките на FATF и директивите на ЕУ, како и со извештајот на Комитетот MONEYVAL за Северна Македонија. Главната цел на новата национална стратегија е да се изгради поефикасен, координиран и отпорен систем за спречување на перење пари, финансирање на тероризам, преку зајакнување на институциите, унапредување на нивната соработката и обезбедување на поголеми ефекти во откривањето и казнувањето на сторителите на кривичните дела перење пари и финансирање на тероризам и нивно лишување од нелегалните приходи. 

Поттикнавме голем интерес и дефиниравме следни чекори за работата на групата за меѓусекторски дијалог. Преку активна соработка меѓу НПО, регулаторот и банките ќе работиме на информирање на клучните чинители за новите барања од меѓународната регулатива за примена на систем базиран на реални ризици што ги намалува бариерите до финансиски услуги на НПО, едукација на кадрите на банките за зголемено разбирање на новите препораки кои овозможуваат непречен пристап до финансиски услуги и легитимна работа на ГО, стекнување на практично знаење на кадрите во банките за работа со НПО, но и едукација на НПО за нивна заштита од злоупотреби за цели на перење пари и финансирање тероризам.

Првата средба на меѓу-секторската работна група банки, регулатор и НПО се организираше во рамки на проектот „Промени за одржливост“ што го спроведува здружението Конект во партнерство со Младинска асоцијација ИМКА Битола. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Oznaka za doverba logo

Меѓународно признаена добра пракса
Преку актвиностите на Цивика Мобилитас, Конект и НПО од ЕУ развија механизам за саморегулација 
„Ознака за доверба“ за да се олесни пристапот на граѓаните и финансиските институции до доверливи организации.
✅ Доброволна акредитација за НПО во Северна Македонија
🔒 Доверливост и транспарентност – гаранција за добро управување и финансиска отчетност
📋 7 области на критериуми: мисија и визија, управување, финансии, транспарентност, комуникација, прибирање средства, човечки ресурси
📝 Двоен процес на оценка – самооценка + независна проценка од експертски одбор
⏳ Обнова на секои 3 години со механизам за жалби од засегнати страни
🌍 Усогласеност со FATF стандарди – интеграција на AML/CFT критериуми (2021)
🤝 Поддршка од УФР– признат како ефикасна саморегулаторна мерка.

Содржината на овој текст е единсвена одговорност на здружението Конект и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Шавајцарија, Цивика мобилитас или на оранизациите што ја спроведуваат.


Продолжи со читање

  • До кога оваа држава ќе создава и ќе штити насилници? – реакција на Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство

    Уште колку жени треба да бидат убиени за да се демонтира овој систем поволен за насилници, а погубен за жените? Уште еднаш јавноста со ужас […]

  • Климатска акција – каде е најпотребна?

    Кога температурите растат, некои семејства можат да го разладат домот, додека други мора да избираат меѓу повисока сметка за струја и уште една ноќ во прегреана соба. За луѓето што работат на отворено, пак, жештината често е неизбежен дел од работниот ден. Истиот топлотен бран носи различен ризик, во зависност

  • Меѓу формална усогласеност и недостиг на суштински реформи

    Коментар по повод Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија, од 4 ноември 2026 година Европската комисија повторно не констатира назадување во ниедна област, односно поглавје, но напредокот останува објективно незадоволителен, а македонскиот пристапен пат е во состојба на тапкање во место. Иако во однос на претходната година е забележан барем мал напредок на […]
    The post Меѓу формална усогласеност и недостиг на суштински реформи appeared first on EPI.

  • ВРАЌАЊЕ НА ПРИРОДНИТЕ СРЕДСТВА ЗА ЛАДЕЊЕ

    Со зголемениот фокус на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина, природните средства за ладење повторно добиваат сè поголемо значење во современите системи за ладење. Строгите европски регулативи и потребата од одржливи технолошки решенија го забрзуваат преминот кон технологии кои имаат помало влијание врз животната средина, а истовремено нудат висока ефикасност и долгорочна економска исплатливост.

    На почетокот на воведувањето на првите ладилни уреди околу 1900 година, како средства за ладење се користеа природните и лесно достапни хемиски соединенија-амонијакот NH3 и јаглеродниот диоксид CO2. Во 20-тите и 30-тите години од XX век се појавуваат CFC и HCFC соединенија. Во 80-тите години беше потврдена штетноста на средствата за ладење врз озонската обвивка на земјата по што тие се заменуваат со  HFC и HFO соединенија и нивните смеси.
    HFCs, или флуорираните јаглеводороди, и покрај тоа што немаат потенцијал на осиромашување на озонската обивка, имаат значителни потенцијали на глобално затоплување, делувајќи како стакленички гасови. Токму затоа, преку Кигали Амандманот кон Монтреалскиот Протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка, светот се обврза на значително намалување на нивната потрошувачка, па дури и нивно целосно исфрлање од употреба, како што се пропишува со Директивата на ЕУ 2024/573. Денес, природните флуиди за ладење се сметаат за најдолгорочно решение, бидејќи имаат минимален потенцијал на глобално затоплување – GWP (Global Warming Potential) и потенцијал на осиромашување на озонската обвивка – ODP (Ozone Depletion Potential
    Во природните флуиди спаѓаат: R-290 (пропан), R-600a (изобутан), R-744 (CO₂) и R-717 (амонијак). Поради нивната висока запалливост, употребата на првите два флуида е ограничена на мали ладилни уреди, додека јаглеродниотдвооксид и амонијакот имаат широка примена во големите системи за ладење.
    Амонијакот (NH3 или R-717), е природен флуид кој главно се користи во големи индустриски постројки или ладилници поради неговите одлични термодинамички својства кои овозможуваат постигнување многу ниски температури  Овие системи, благодарение на нивната големина, овозможуваат високи перформанси и ефикасност.
    Главните придобивки од системот за ладење со NH3 се:

    Повисоки перформанси: во споредба со други гасови, како што се R-290 и CO2, за големи индустриски ладилни системи.
    Висока енергетска ефикасност: јa намалува потрошувачката на електрична енергија и овозможува побрз поврат на инвестицијата.

    Лесно управување и безбедност: се карактеризира со сигурна работа под строги законски регулативи, при што секој дефект или протекување брзо се открива поради неговиот специфичен мирис.

    Одржливост: тоа е природен флуид со нула GWP и ODP.
    Економичност: ниската цена и широка достапност го прават најисплатлива финансиска опција.
    Оптимизиран дизајн: употребата на цевки со помал дијаметар во системот за ладење овозможува намалено полнење со средство за ладење, енергетски ефикасни компоненти и дизајн.
    Здравствена сигурност: системот не користи вода, со што целосно се елиминира ризикот од појава на бактеријата легионела.

    Суперкритичниот јаглерод двооксид (sCO2) е флуидна состојба на јаглерод двооксид кога тој се одржува на или над неговата критична температура и критичен притисок (304.128 K, 30.9780 °C, 73.773 bar).  Во оваа состојба, тој се шири како гас, но притоа има густина како течност. Системите за ладење во кои состојбата на CO2 се менува над и под критичната точка се нарекуваат транскритични CO2 (R-744) системи за ладење. Водени од строгите регулативи на ЕУ за флуорираните гасови, тие станаа доминантна, стандардна технологија за нови инсталации во супермаркетите низ цела Европа. До 2025 година, над 111.650 европски малопродажни објекти за храна користеа транскритични CO2 системи. Клучни пазарни трендови во Европа (2026):

    До 2024 година, речиси 30% од европските малопродажни места за храна ја усвоија транскритичната CO2 технологија, зголемувајќи го бројот од 68.500 во 2023 година на над 90.000 во 2024 година.
    Првично фаворизирана во земјите со поладна клима (Северна Европа), технологијата сега е стандардна низ цела Европа, вклучително и во потоплите јужни региони благодарение на подобрената ефикасност.
    Големите синџири на супермаркети забрзано ја менуваат технологијата. На пример, TESCO веќе имаше над 1.000 транскритични CO2 продавници во Велика Британија до 2022 година, а Schwarz Group (Lidl/Kaufland) има 4.800 продавници со ладилни уреди кои користат CO2 или пропан технологија од 2024 година.
    Регулативите на ЕУ дополнително го стимулираат некористењето на средства за ладење со висок GWP.

  • ГЛОБАЛНАТА ПОТРЕБА ЗА ЛАДЕЊЕ ЗАБРЗАНО РАСТЕ: ШТО ПОКАЖУВААТ ПРОГНОЗИТЕ ДО 2050?

    Поради климатските промени, порастот на температурите и зголемувањето на животниот стандард во многу земји, побарувачката за уреди за ладење бележи континуиран и значителен раст на глобално ниво. Климатизацијата повеќе не се смета само за прашање на удобност, туку сè почесто станува неопходност за безбедно и квалитетно живеење, особено во урбаните средини и регионите изложени на екстремни горештини.

    Според проценките на International Energy Agency (IEA), бројот на клима уреди во светот би можел да порасне од околу 1,5 милијарди во 2015 година на дури 5,5 милијарди до 2050 година. Истовремено, бројот на ладилници во домаќинствата се очекува да надмине 2 милијарди уреди. До 2050 година, речиси две третини од домаќинствата во светот би можеле да располагаат со некаков систем за климатизација.

    Извор: International Energy Agency (IEA), The Future of Cooling. https://www.iea.org/reports/the-future-of-cooling
    Најголемиот дел од овој раст ќе доаѓа од земјите во развој, пред сè Кина, Индија и Индонезија, каде што растечката средна класа и урбанизацијата создаваат сè поголема побарувачка за решенија за ладење. Овие три пазари заедно се очекува да претставуваат околу половина од вкупниот глобален број клима уреди до 2050 година.
    Сепак, ваквиот тренд носи и сериозни предизвици. Без значителни подобрувања во енергетската ефикасност, потребата од електрична енергија за ладење простории би можела да се зголеми повеќе од три пати до 2050 година. Тоа би значело дополнителна потрошувачка на електрична енергија еквивалентна на денешната вкупна потрошувачка на Кина и Индија заедно.
    Затоа, развојот и примената на енергетски ефикасни технологии, паметни системи за управување и еколошки прифатливи решенија за ладење ќе бидат клучни за намалување на енергетскиот притисок и постигнување на глобалните цели за одржлив развој и намалување на емисиите на стакленички гасови.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор