Јавен конкурс за извршни директори на МЦМС
Извршните директори на МЦМС го сочинуваат Одборот на директори кој е орган на секојдневно управување со работниот процес на МЦМС. Овој конкурс е отворен за избор на 2 извршни директори. МЦМС цели едната позиција да се пополни од редот на внатрешни кандидати (вработените), а другата од надворешни кандидати.
Кандидатите треба да имаат:
- Познавање на мисијата на МЦМС и концептите на граѓанско општество;
- Способност за водство ориентација, управување и мотивирање на другите;
- Знаења за генерален менаџмент – основни раководни концепти, организациски развој, стратешко планирање, оценување, финансиско планирање и раководење, раководење со човечки ресурси;
- Способност за комуникација и презентација;
- Висок интегритет, одговорност и отчетност;
- Почит за другите, вклучителност и партиципативност, поддршка на мултикултурноста.
Конкурсотеотворендо20јули 2026година.
Пријавување на конкурсот се врши со електронска порака (е-меил), биографија (пожелно во формат на МЦМС), кратка изјава за сопственото видување на МЦМС (до две страници).
Преземи потребни документи:
- oпис на работното место,
- правилник за избор на ОнД,
- пријава за извршен директор,
- биографија во формат на МЦМС.
Изборот го врши Управниот одбор на МЦМС, кој има право да избере 2 од кандидатите, само 1 или да не избере никого (при што постапката ќе се повтори во рок од 2 месеци).
Дополнителни информации можат да се побараат исклучиво на е-поштата izbor@mcms.mk, на која треба да се достават и пријавите.



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48568](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/06/Проектот-е-поддржан-од-владата-на-Швајцарија-преку-Цивика-мобилитас-9-939x1024-1-768x838.png)


