Author: Македонски центар за меѓународна соработка

  • На спортот во Северна Македонија му се потребни повеќе жени

    Правото за учество во спорт е признаено основно човеково право и e во тесна поврзаност со остварувањето на основните права од образование, здравје, животен стандард, детски права, права на лицата со попреченост итн. Обврската за обезбедување на еднакво учество на девојките и жените во процесите на одлучување во низа на стретешки области вклучително и спортските политики е јасно истакната во низа меѓународни документи и политики. И покрај сите јасни и долгорочни заложби за еднакво вклучување во спортските политики, женскиот спорт во Северна Македонија и понатаму останува маргинализиран. Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме денес е недоволната застапеност на жени на раководни позиции во спортот во Северна Македонија.

  • Членките на Советот во дијалог со организациите од Пелагонискиот регион

    На 29 октомври 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар организираше отворен ден со граѓанските организации и активистите од Пелагонискиот регион, во рамки на посетата на Мобилниот ресурсен центар. Настанот се одржа во Битола и имаше за цел да ги доближи услугите на Граѓанскиот ресурсен центарот до локалните организации, да ги информира за тековните случувања во граѓанското општество, но и да иницира отворена дискусија за клучните потреби и предизвици со кои се соочуваат организациите во регионот.

  • Одговорниот пристап и систематското управување со документите овозможува нивна достапност и интегритет за долгорочна и трајна употреба

    Одговорниот пристап и систематското управување со документите овозможува  нивнадостапност и интегритет за долгорочна и трајна употреба! – ова беше причината што триесет и шест претставници на граѓанските органиции беа обучени за административно работење на 21.10.2025 година во Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје.

  • Дигиталната технологијата може да се искористи за трансформација на социјалните предизвици во решенија со општествено влијание

    Дигиталната технологија може да се искористи за трансформација на социјалните предизвици  во решенија со општествено влијание беше општиот заклучок од работилницата за дигитални социјални иновации која за граѓанските организации се одржа во Скопје на 16 октомври 2025 година. Со оваа работилница Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) продолжува да ги јакне организациите на теми поврзани со дигиталната трансформација, кои, кога ќе се спојат со социјалните иновации придонесуваат кон нивно ефикасно и ефективно делување кое и служи на заедницата.

  • Повик за учество на еднодневна работилница: „Дигитални социјални иновации“

    Развивање дигитални решенија со општествен импакт
    Дигиталните технологии денес претставуваат клучни двигатели на промени во сите сфери на општеството. Кога ќе се спојат со социјалните иновации, тие создаваат нови можности за решавање на предизвици кои долго време останале нерешени. Овој спој отвора пат кон еден нов бран на суштински општествени трансформации, каде технологијата не е цел сама по себе, туку алатка што служи на заедницата и на луѓето.

  • Повик до граѓанските организации за учество на обука за архивско работење

    Граѓанскиот ресурсен центар ве поканува да учествувате на еднодневна основна обука за административно работење, која ќе се одржи на 21 октомври 2025 година во Граѓанскиот ресурсен центар – Скопје.

  • Улогата на граѓанските организации и институциите од Западен Балкан во процесот на евроинтеграции

    Претставници на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) учествуваа на регионалниот настан „Гласот на отпорот- граѓанските организации на Западен Балкан во свет на промени“ што го организираше Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) на 1 октомври 2025 година во Тирана, Албанија.

  • Поголема транспарентност, активни граѓани и заштитена природа за подобри заедници

    И во текот на летните месеци од 2025, Цивика мобилитас ја продолжи својата поддршка за иницијативи што носат вистински промени во заедниците ширум земјата.  Трите нови приказни објавени во јули, август и септември ја истакнуваат енергијата на младите и граѓаните кои се обединуваат околу клучни прашања.  Вклучени во дебати и работилни,  тие дискутираа за теми кои нè засегаат сите – од јавните финансии и заштитата на шумите, до отвореноста на општините и дигиталните алатки за зголемување на довербата.

  • Соработка, идеи и граѓанска енергија на „Форумот на идеи“ во Штип

    Триесетина претставници на граѓанските организации од Источниот регион Виница, Делчево, Пехчево, Радовиш, Свети Николе и Штип учестуваа на дебатата за застапување “Форум на идеи“, што се одржа на 24 септември во Ресурсниот центар во Штип. Настанот беше организиран со цел подобро запознавање, овозможување на простор за меѓусебна соработка, размена на искуства и идеи, како и поттикнување на заеднички иницијативи за застапување.
    Централната тема на настанот беше застапувањето на граѓанските организации, а учесниците преку интерактивни активности дискутираа за својата работа, приоритети и тековни предизвици.

  • Најновиот Билтен за Анти-корупција на СЕЛДИ е тука: Реформирање на регионот, отпор кон корупцијата

    Ова 79то издание на билтенот ги истакнува клучните антикорупциски и владејачки развојни процеси низ Западен Балкан, прикажувајќи ги напорите на партнерите на SELDI во спроведувањето реформи и зајакнувањето на отчетноста.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор