ИЗБИРАЧКИТЕ ЛИСТИ ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН, ЖЕНИТЕ И МЛАДИТЕ ВО ТРКАТА ЗА ОПШТИНСКИ СОВЕТНИЦИ
Локалните избори што треба да се одржат на 19 октомври оваа година, во Полошкиот регион донесоа посебен…

Локалните избори што треба да се одржат на 19 октомври оваа година, во Полошкиот регион донесоа посебен…
![[aggregator] downloaded image for imported item #40307](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/10/mk-infografika-768x432.jpg)
По локалните избори во 2021 година, во деветте општини на Полошкиот регион беа избрани вкупно 179 општински…

Автор: Лорик Идризи Еден од суштинските предизвици на демократијата останува вклучувањето на младите во процесот на одлучување…
И покрај законските квоти и формалните обврски, застапеноста на жените, младите и помалите етнички заедници во локалната…

Иако Северна Македонија е дел од Европскиот простор за високо образование од 2003 година, формалното усвојување на…

Интервјуираше: Енис Шаќири BIRC Institute Владимир Ѓорѓевски е директор на локалната подружница на RYCO во Скопје. Во…
![[aggregator] downloaded image for imported item #39584](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/09/lista-e-zeze-2025-2025-768x464.jpg)
Меѓународните санкции против политичари и бизнисмени во Северна Македонија ја разоткрија корупцијата и поттикнаа јавна дебата, но…
![[aggregator] downloaded image for imported item #39588](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/09/simona-scaled-e1757594367368-768x532.jpg)
Интервју со Симона Славкова: Младите сакаат ЕУ да ја почувствуваат како лична перспектива Интервјуирал: Енис ШаќириBIRC Institute…

Интервјуираше: Енис ШакириBIRC Institute Раманда Шеху е мотивирана професионалка со посебен интерес за меѓународните односи и комуникацијата…

Автор: м-р Бардул Заими
Образовниот систем во Северна Македонија во ниту еден момент не изгледа дека успеал да им одолее на бројните политички турбуленции од транзицискиот период, партиските влијанија и други влијанија кои во голема мера го намалија квалитетот. Во Северна Македонија не беше создаден кохерентен систем во областа на образованието кој ќе одговара на професионализмот и максималната посветеност што ја бара оваа толку значајна општествена сфера. Напротив, постојано се забележуваат експерименти во образовните политики, моментални решенија, кои повеќе беа импровизации отколку реални обиди за суштинска трансформација, која подразбира добро осмислена законска рамка, документи изработени од професионалци и долгорочни стратегии што градат визија усогласена со глобалните развои.
Во тој контекст, експертите веќе укажуваат дека усогласувањето со европскиот концепт, односно европските закони во образовниот систем на Северна Македонија, претставува витален императив за создавање на нови динамики во високото образование во насока на подобрување на квалитетот.
Кластерот 3, кој ќе се отвори со ЕУ, го става фокусот на конкуренцијата и инклузивниот раст. Во синхронизација со овој кластер, земјите-членки треба да располагаат со законска, административна и финансиска рамка, како и со неопходните спроведувачки капацитети за да се обезбеди здраво финансиско управување со програмите за образование, обука и млади. За целосно и успешно учество во рамковните програми, земјите-членки треба да обезбедат спроведувачки капацитети во областа на истражување и технолошки развој, без да се занемари соодветниот кадар.
Во овој контекст, реформите во областа на образованието и научноистражувачката дејност не се само секторски приоритет, туку и стратешка неопходност која е директно поврзана со квалитетот на човечкиот капитал и способноста на земјата да изгради одржлива и конкурентна економија. Кластерот 3 ги опфаќа поглавјата поврзани со образованието, научноистражувачката дејност и културата (поглавја 25 и 26), додека Кластерот 1 се фокусира на владеењето на правото, етиката и демократското функционирање на институциите. Сите овие димензии имаат директно влијание врз образовниот систем.
ЦЕЛИОТ ИЗВЕШТАЈ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ТУКА
Текстот е работен во рамки на проектот „Застапување за инклузивен развој“, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.
Содржината на овој текст е единствена одговорност на Форум за разумни политики, ИОХН и БИРС и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.
Нема повеќе содржини
Нема повеќе содржини
Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.