Учество на панел-дискусија за противпожарна заштита и подготвеност при вонредни состојби
На 27.06.2026 година, претставник на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе учествуваше на панел-дискусија посветена на противпожарната заштита, организирана во рамки на настанот на ИПОС Македонија.
Во рамки на излагањето беше ставен акцент на состојбите и предизвиците со кои се соочува противпожарниот сектор, особено во делот на шумските пожари и пожарите на отворен простор. Беше истакната потребата од зајакнување на доброволните противпожарни друштва, подобрување на материјално-техничките капацитети, набавка на соодветна опрема и специјализирани возила, како и поголема координација помеѓу институциите, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор.
Посебен акцент беше ставен на значењето на превенцијата, навремената реакција и едукацијата на населението, како клучни предуслови за намалување на ризиците од пожари, заштита на граѓаните, имотите и природата, како и справување со последиците од климатските промени.
Доброволното противпожарно друштво Свети Николе продолжува активно да придонесува кон унапредување на системот за заштита и спасување и кон градење побезбедни и поотпорни заедници.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на ДПД - Свети Николе


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48896](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/06/ipos-panel-presentation-title-final.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50854](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/805116099_1781765449632825_2322957291490682722_n-768x1152.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50718](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/GI-ESCR-768x258.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50748](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/Tekstilijada10_A2PosterPrint-768x1086-1.jpg)
