Обука за полиција за постапување во случаи на семејно насилство, 30-31ви март 2026 година
Во периодот 30-31ви март 2026 година ЕСЕ во соработка со Министерството за внатрешни работи, организираше обука за полициски службеници за подобрување на нивните капацитети за работа во случаите на родово базирано и семејно насилство. Обуката се организираше во рамките на проектот „Зајакнување на пристапот до правда за жените што претрпеле семејно насилство“ кој ЕСЕ го спроведува со финансиска поддршка на фондацијата Квина Тил Квина од Шведска.
Ова беше трета последователна обука за истата група на 24 номинирани полициски службеници, односно полициски инспектори и униформирани полициски службеници од Секторите за внатрешни работи од Скопје, Велес, Куманово, Штип, Струмица, Тетово, Битола и Охрид. Врз основа на евалуацијата на претходната обука која се организираше во месец декември 2025 година, фокусот беше ставен на продлабочување на вештините за спроведување на одделни аспекти од постапувањето на полиција, вклучително:
- Препознавање на специфичните потреби на жените што претрпеле семејно насилство и надминување на личните ограничувања при постапувањето во предмети од ваков вид;
- Спроведување на проценка на ризик, итна мерка за заштита „отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување“;
- Документирање на кривичните дела во врска со семејното насилство, со фокус на психолошкото, економското и сексуалното насилство.
Обуката беше испорачана од страна на практичари кои имаат богато искуство во постапување и градењето на системот за заштита од семејно насилство: Катина Павловска, кличнички психолог во Советувалиште за жртви на семејно насилство во ЕСЕ, Цена Чаловска, поранешен полициски советник во МВР и Габриела Гајдова, судија во Апелационен суд Скопје.










![[Aggregator] Downloaded image for imported item #47546](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/04/Kvina-Obuka-policija-03.2026-1.jpg)



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #47555](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/05/www-1.png)

