ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ДИЗАЈНЕРКА

Повик за ангажирање на национален/а истражувач/ка

📣 ПОВИК за ангажирање на национален/а истражувач/ка – Policy Analyst  во рамки на проектот  “Working Safe: Socio-economic Inclusion of the LGBTQI+ Community in the Western Balkans and Turkey” (ERA)

Коалиција МАРГИНИ објавува јавен повик за ангажирање на еден/една национален/а policy analyst за подготовка на национален policy paper во рамки на регионалниот проект на ERA – LGBTI Equal Rights Association.

📌 Цел на ангажманот

Ангажираниот/ата експерт/ка ќе работи на подготовка на policy paper (до 15 страници) кој ќе утврди минимални стандарди за интерни политики и механизми за спречување и одговор на дискриминација, вознемирување и говор на омраза на работното место. Фокусот е на заштита на најранливите групи, вклучувајќи: ЛГБТИК+ лица и маргинализирани групи. 

📌 Обем на работа:Policy paper-от треба да ги опфати следните клучни компоненти:

1. Национален контекст

  • Преглед на законска рамка (антидискриминација, работни односи, еднаквост)
  • Институционални механизми (Комисија за заштита од дискриминација, инспекторати, итн.)
  • Практична примена и предизвици
  • Клучни празнини во системот

2. Минимални стандарди за инклузивно работно место

  • Основни принципи за еднаквост и недискриминација
  • Вклучување на SOGIESC перспективи
  • Политики за вработување, напредување и задржување
  • Пристапност и разумно прилагодување

3. Клучни механизми: превенција и одговор

  • Интерни политики против вознемирување и говор на омраза
  • Процедури за пријавување
  • Заштита на пријавувачи и Поддршка за жртви

4. Мониторинг, евалуација и одговорност

  • Внатрешни системи за следење
  • Индикатори за еднаквост

5. Препораки

  • За државни институции
  • За компании (средни и големи)
  • За синдикати и комори
  • За граѓански организации
  • За меѓународни актери

6. Референци: Академски извори, Законодавство, Извештаи (ЕУ, UN, FRA, итн.)

📌 Очекуван резултат

  • Еден финален policy paper (до 15 страници)
  • Подготвен за регионална употреба и застапување

📅Период на ангажман: 14 – 16 Април  и Финална верзија: 17 Април

Профил на кандидат/ка

  • Искуство во истражување и/или policy анализа
  • Познавање на антидискриминациска рамка
  • Искуство со ЛГБТИК+ или други маргинализирани групи (предност)
  • Искуство со пишување policy документи
  • Одлично познавање на македонски и англиски

📩 Аплицирање на: koalicijaszpmz@gmail.com со наслов: ERA Policy Analyst – North Macedonia до 13ти април. 

​​Апликацијата треба да содржи: ​

1.​​ Писмо за изразување интерес и достапност
​2. Финансиска понуда. Финансиската понуда треба да се однесува исклучиво на исполнување на работните задачи.
​​3. Биографија (CV) во ЕУ формат.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • ЈАВЕН ПОВИК: Поставување на онлајн платформа за креирање на профили на локални занаетчии

    Назив на проектот: Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива – ИЕП го спроведува проектот „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија” , кој е дел од програмата BOOST […]

  • Јавен повик за ангажирање на експерти/експертки за имплементација на родово сензитивна менторска програма во правосудството

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во рамки на проектот „Менторство во правосудството и младинско учество за родова еднаквост“, објавува Јавен повик за ангажирање на експерти за имплементација на родово сензитивната менторска програма во правосудството. Со јавниот повик се предвидува ангажирање на: Позиција 1 – Експерт/ка – правник/правничка Позиција 2 – Експерт/ка – родов […]

  • Повик за прибирање на понуди за угостителски услуги за организирање на настан

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при…

  • Повик за доставување понуди за услуги за хотелско сместување

     
    Младински Совет Прилеп објавува повик за доставување понуди за набавка на услуги за хотелско сместување во рамки на проектот „Младите за ЕУ“ („Youth for EU – Strengthening Youth Participation and Communication on the EU Integration Path “.)

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ ОД РЕУПОТРЕБЕНИ МАТЕРИЈАЛИ

    Центарот за климатски промени за потребите од спроведување на проектот ,, Младите и жените- двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини (WeLEADRural)“, финансиран од Француска агенција за развој (AFD) објавува: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ ОД РЕУПОТРЕБЕНИ МАТЕРИЈАЛИ 1.Информации за проектот

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ДВАЈЦА НАДВОРЕШНИ КОНСУЛТАНТИ ЗА ПОДДРШКА НА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА УЧИЛИШЕН КАДАР

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ДВАЈЦА НАДВОРЕШНИ КОНСУЛТАНТИ ЗА ПОДДРШКА НА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА УЧИЛИШЕН КАДАР Проект Зајакнување на инклузијата на децата со ПОП Македонски центар за граѓанско образование – МЦГО Скопје објавува јавен повик за избор на двајца надворешни консултанти со експертиза во областа на инклузивното образование, кои ќе подготват и спроведат долгорочна програма […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор