[Aggregator] Downloaded image for imported item #47546

Обука за полиција за постапување во случаи на семејно насилство, 30-31ви март 2026 година

Во периодот 30-31ви март 2026 година ЕСЕ во соработка со Министерството за внатрешни работи, организираше обука за полициски службеници за подобрување на нивните капацитети за работа во случаите на родово базирано и семејно насилство. Обуката се организираше во рамките на проектот „Зајакнување на пристапот до правда за жените што претрпеле семејно насилство“ кој ЕСЕ го спроведува со финансиска поддршка на фондацијата Квина Тил Квина од Шведска.

Ова беше трета последователна обука за истата група на 24 номинирани полициски службеници,  односно полициски инспектори и униформирани полициски службеници од Секторите за внатрешни работи од Скопје, Велес, Куманово, Штип, Струмица, Тетово, Битола и Охрид. Врз основа на евалуацијата на претходната обука која се организираше во месец декември 2025 година, фокусот беше ставен на продлабочување на вештините за спроведување на одделни аспекти од постапувањето на полиција, вклучително:

  • Препознавање на специфичните потреби на жените што претрпеле семејно насилство и надминување на личните ограничувања при постапувањето во предмети од ваков вид;
  • Спроведување на проценка на ризик, итна мерка за заштита „отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување“;
  • Документирање на кривичните дела во врска со семејното насилство, со фокус на психолошкото, економското и сексуалното насилство.

Обуката беше испорачана од страна на практичари кои имаат богато искуство во постапување и градењето на системот за заштита од семејно насилство: Катина Павловска, кличнички психолог во Советувалиште за жртви на семејно насилство во ЕСЕ, Цена Чаловска, поранешен полициски советник во МВР и Габриела Гајдова, судија во Апелационен суд Скопје.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор