WhatsApp Image 2026 05 04 at 12.18.01

Практична поддршка за полесно финансиско известување

На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2.

Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии, дискутираа со тимот на Цивика мобилитас за тоа како полесно и поефикасно да ги следат и известуваат за трошоците настанати при спроведување на проектните активности.

Тимот на Цивика мобилитас го презентираше системот за финансиско известување преку дигиталната платформа за електронско споделување, прикачување и управување со документи. Притоа, беа објаснети чекорите за прикачување документација и генерирање финален извештај. На грантистите им беше овозможен и директен пристап до системот, со практична поддршка во живо.

Грантистите се интересираа за функционирањето на системот, како и за други прашања во врска со спроведувањето на конкретните грантови.

„Работилницата беше навистина корисна од повеќе аспекти, особено делот со споделената (shared) Excel табела за трошоци и финансиски извештај. Овој пристап овозможува многу прецизно следење на буџетот и значително го намалува ризикот од преклопувања. Исто така, би ја истакнале прегледноста на табелите и јасноста во нивното објаснување, како и поддршката при влез и користење на платформата“, додаде Симона Леви од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

Работилницата придонесе за подобро разбирање на процедурите за финансиско известување и за поефикасна комуникација меѓу грантистите и тимот на Цивика мобилитас во текот на спроведувањето на проектите.

Продолжи со читање

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

  • Седма едукативна работилница во Куманово за унапредување на здравјето на мајките и децата со фокус на мајчиното ментално здравје

    На 23.04.2026 година во Куманово се одржа седмата по ред едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 18 жени, бремени или во период до 12 месеци по породувањето. Работилницата им овозможи на учесничките да добијат важни информации за…

  • Наша моќ, наша планета: Граѓанскиот сектор предводник на промените

    Секоја година, 22 април нè потсетува дека планетата не се заштитува само со големи ветувања, туку со секојдневни работа, одлуки, практични решенија и заедници кои знаат дека имаат моќ да направат промена. Овогодинешното мото на Денот на планетата Земја, „Нашата моќ, нашата планета“, особено силно се поврзува со работата на…

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор