667461678 929244976481654 4761860264513484821 n

Превенцијата не смее да биде привилегија: Бесплатни прегледи по повод Светскиот ден на здравјето

По повод Светскиот ден на здравјето, кој годинава се одбележува под мотото „Заедно за здравје – застани зад науката“, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во партнерство со Општина Центар на 6 април организираше бесплатни превентивни прегледи и здравствени консултации, со цел да ја доближи превентивната здравствена заштита до граѓаните и да укаже на потребата од нејзино системско унапредување.

Во рамки на настанот, граѓаните имаа можност бесплатно да користат:

  • мерење на крвен притисок и гликоза во крвта,
  • советување и консултации со гинеколог,
  • советување и консултации со ортопед,
  • советување и консултации со дерматолог,
  • советување и консултации со инфектолог.

Со оваа иницијатива, ХЕРА и Општина Центар директно придонесуваат кон зголемување на пристапноста до превентивни услуги и поттикнување на граѓаните да преземат активна грижа за сопственото здравје.

Овогодинешното мото „Заедно за здравје – застани зад науката“ ја нагласува потребата здравствените политики да се темелат на докази, но и тие докази да се преточат во конкретни, достапни и праведни услуги за сите граѓани. Тоа подразбира зголемени инвестиции во превенција, подобра географска распределба на здравствените услуги и систем кој активно ги адресира нееднаквостите.

Иако превенцијата е клучен сегмент на здравствениот систем, податоците од анализите на граѓанските организации покажуваат дека пристапот до овие услуги останува сериозно ограничен.

Податоците од анализите укажуваат на сериозни слабости во пристапот до превентивни услуги:

  • 80% од жените платиле за гинеколошки услуги кои треба да бидат бесплатни;
  • само околу 15% од жените се опфатени со скрининг за рак на грлото на матката во тригодишен период, наместо потребните 75%;
  • 92% од жените Ромки не се информирани дека имаат право на бесплатен гинеколошки преглед;
  • пристапот до ХИВ тестирање е значително поефикасен преку граѓанските организации: 1 позитивен случај на 150 тестирања, наспроти 1 на 1150 во здравствените установи.

Иако постојат превентивни програми, нивната примена во пракса останува ограничена поради недоволно финансирање, слаба достапност и недоволна информираност, што особено ги погодува ранливите групи и жените од руралните средини.

Превенцијата не смее да биде повремена активност, туку континуирана и достапна услуга за сите. Само преку навремена грижа, информираност и еднаков пристап до здравствени услуги може да се намалат здравствените ризици и да се обезбеди подобар квалитет на живот.

Здравјето започнува со превенција.

 

Контакт за медиуми:

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување

hera@hera.org.mk

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) достави извештај до Групата експерти за акција против насилството врз жените и семејното насилство – ГРЕВИО, како придонес кон следењето на спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија. Извештајот го опфаќа периодот од 2023 до 2026 година и се […]
    The post МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија appeared first on Myla.

  • Совети и упатување

    Совети и упатување Кога се соочуваш со насилство, закани, контрола или страв, сосема е разбирливо да не знаеш од каде да започнеш. Не мора сама да ги знаеш институциите, процедурите и своите права. Станица ПЕТ може да те сослуша, да ти помогне да ја разбереш ситуацијата и да ти даде информации за можностите за поддршка…

  • Како да побарам помош?

    💜 Не си сама. Побарај поддршка. Понекогаш најважниот чекор е да кажеш: „Ми треба помош.“ Доколку се соочуваш со семејно или родово базирано насилство, закани, контрола, заплашување, психичко, физичко, сексуално или економско насилство, не мораш сама да се справуваш со ситуацијата. Станица ПЕТ е тука да те слушне, информира и поддржи. Обраќањето до нас е…

  • Психолошка и психосоцијална поддршка

    Психосоцијална, психолошка и психотерапевтска поддршка Станица ПЕТ обезбедува психосоцијална, психолошка и психотерапевтска поддршка за жени и деца кои се соочуваат со семејно и родово базирано насилство, како и за лица кои се соочуваат со последици од насилство или други тешки животни ситуации. Нашата цел е да обезбедиме безбедно, доверливо и неосудувачко место каде што можеш…

  • Свети Николе: Жените и локалната самоуправа во дијалог за поефективни механизми на граѓанско учество

    Свети Николе, 18 септември 2026 – Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово ја одржа јавната дебата „Женско лидерство како огледало на заедницата“, во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“. Дебатата беше посветена на механизмите за граѓанско учество во процесите на локално одлучување, со фокус на можностите за поголемо и посуштинско вклучување на жените, […]

  • Шведските искуства како поттик за зајакнување на демократската отпорност и интегритетот во информирањето

    Делегација составена од новинари, уредници, проверувачи на факти, медиумски експерти и претставници на институции од Северна Македонија учествуваше на студиска посета во Стокхолм, организирана од Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми, во рамките на проектот „Градење синергии против дезинформациите, вклучително и за политиките и активностите на ЕУ“. Во текот на дводневната програма, […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор