Координативен состанок со Градоначалникот на општина Вевчани и директорката на Н.П. „Еремја“ во општина Вевчани во рамките на проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во југозападниот регион“

Во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападниот регион“, спроведуван од Здружение на еколози “Натура”-Струга, во партнерство со Извиднички одред “Мирко Милески“, поддржан од Швајцарската Влада преку Цивика мобилитас, се одржа координативна средба со претставници на Општина Вевчани.
На средбата беа разгледани можностите за институционална соработка во рамки на проектните активности.
Цел на средбата
На средбата беа презентирани:
- Активностите за поставување граѓански инструменти за мерење на квалитетот на воздухот во Вевчани
- Избор на соодветни локации во координација со јавното претпријатие
- Улогата на општината во функционирањето на регионалната мрежа за мониторинг
- Вклучување на граѓаните и локалните институции во процесот на следење и јавен дијалог
Градоначалникот и Директорката изрази подготвеност за соработка и институционална поддршка.
Оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на партнерството меѓу граѓанскиот сектор и локалните институции во Вевчани, со цел зголемена транспарентност и подобрување на политиките за заштита на животната средина и чист воздух за сите граѓани.
Проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападниот регион“ има за цел да го подобри управувањето со квалитетот на воздухот преку активно граѓанско учество, пристап до отворени податоци и соработка со општините во Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево.
Што ќе постигнеме?
- Поставување на најмалку 30 граѓански инструменти (Климерко) за мерење на квалитетот на воздухот, поврзани со јавната платформа www.klimerko.org
- Обука на 100 граѓани, наставници и млади активисти за мониторинг и користење на податоци
- Формирање на Регионален граѓански совет за воздух за редовен дијалог со општините
Клучни активности
- Мапирање и избор на локации
- Инсталација и поврзување на инструментите
- Инфо-кампања за подигање на јавната свест
- Организирање обуки и јавни форуми
- Подготовка на препораки за локални политики за чист воздух
- Регионална завршна конференција
Очекувани резултати
- Функционална регионална мрежа со јавно достапни податоци
- Зајакнати капацитети на граѓаните за активно учество
- Структуриран и континуиран дијалог меѓу граѓаните и општините
- Конкретни препораки за политики за чист воздух во најмалку 5 општини
Проектот создава модел на граѓанска наука и партнерство, каде податоците стануваат алатка за транспарентност, одговорност и одржлива зелена иднина за регионот
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Здружение на еколозите „Натура“ – Струга и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
Civica MobilitasEmbassy of Switzerland in North Macedonia
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“







