Sre]ni praznici(2)

Заедничките постигнувања во Цивика мобилитас во 2025

Годината што ја оставаме позади нас, е година на заеднички напори, идеи и активности со кои создадовме простор за дијалог, учество и солидарност. Заедно придонесуваме граѓаните да бидат погласни, поактивни и повклучени, затоа што веруваме во граѓанското општество кое е динамично, одговорно и важно за развојот и квалитетот на живот на сите граѓани.

Истовремено, останавме доследни на нашата улога – да набљудуваме, да укажуваме, да застапуваме и да нудиме алтернативни решенија во однос на политиките и практиките на институциите и приватниот сектор, секогаш водејќи се од јавниот интерес.

Во следната година, да продолжиме да го јакнеме граѓанското општество, да ја продлабочиме меѓусебната соработката и да го зголемиме нашето заедничко влијание таму каде што е најпотребно.

Со искрени желби за добро здравје, среќна и успешна нова година, ве потсетуваме на некои од нашите заеднички постигнувања.

Во текот на годината, еден од најголемите настани на Цивика мобилитас – Средбата за вмрежување обедини над 80 претставници од 65 граѓански организации. Настанот овозможи отворена и заедничка дискусија за клучните предизвици и приоритети на локално ниво, особено во контекст на локалните избори одржани во октомври 2025 година.

Средбата резултираше со формулирање заеднички предлози за програмите на кандидатите за градоначалници и го иницираше процесот на обновување на Граѓанската платформа, како механизам за обединување и координирано делување на граѓанското општество. Предлозите се темелеа на искуствата и приоритетите идентификувани од организациите во нивните локални заедници и имаа за цел унапредување на транспарентноста, отчетноста, граѓанското учество и квалитетот на јавните услуги. Со оваа активност дополнително се зајакна улогата на граѓанските организации како значаен партнер на локалните власти во процесите на застапување и креирање јавни политики.

Цивика мобилитас ги достави овие предлози до кандидатите за градоначалници и членови на општинските совети на локалните избори 2025 година. Водени од уверувањето дека подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните е заеднички интерес, граѓанските организации и понатаму ќе делуваат како коректори, поддржувачи и активни чинители во процесите на општествени промени.

Во октомври 2025 година, тимот на Цивика мобилитас ја оствари првата средба со новоназначениот амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија, Кристоф Сомер (Christoph Sommer), кој ја потврди поддршката за граѓанските организации како еден од приоритетите на Швајцарија.

Паралелно, Цивика мобилитас ја следеше изборната кампања за локалните избори 2025 преку неделни и месечни прегледи на медиумското известување и активностите на социјалните мрежи. Финалниот извештај покажа дека јавната дебата била обликувана од над 25.700 медиумски написи и повеќе од 3.600 објави на социјалните мрежи, со над 860.000 интеракции, што укажува на исклучително високо ниво на онлајн активност. Анализата ја потврди потребата од критичко размислување и проверка на фактите како клучни предуслови за зајакнување на демократските процеси во идните изборни циклуси.

На крајот од годината, заедницата на Цивика мобилитас се зголеми со 23 нови организации, добитници на 11 партнерски грантови, со вкупен буџет од над 32 милиони денари. Од јануари 2026 година, овие организации ќе делуваат во шест области: дигитална трансформација, овозможувачка околина за развој на граѓанските организации, борба против корупцијата и истражувачко новинарство, социјална кохезија, родова еднаквост и зелени иницијативи.

Преку комуникациските продукти на Цивика мобилитас, континуирано беа следени и промовирани постигнувањата на грантистите преку месечните изданија на „Граѓански импулс“ и сториите достапни на македонски, албански и англиски јазик. Истовремено, преку магазинот „Граѓаните за промена“, беа опфатени и иницијативи на организации кои не се само тековни грантисти, но сепак придонесуваат кон развојот на граѓанскиот активизам и солидарноста низ земјата.

Како дел од дигиталните продукти, беше промовиран и Адресарот на е-платформата на Цивика мобилитас, кој опфаќа над 6.500 активни граѓански организации.

Во областа на животната средина, беше овозможена средба меѓу дел од грантистите и компанијата „Пакомак“, со цел зајакнување на соработката и подобрување на системот за селекција на отпад. Дополнително, повеќе од 20 претставници од граѓански организации и компании учествуваа на средба и дискусија за заеднички интереси и нови партнерства меѓу граѓанскиот и приватниот сектор.

Пет граѓански организации ги зајакнаа своите капацитети за развој на планови за социјален маркетинг преку персонализирана поддршка и менторство, стекнувајќи стратешки алатки за подобро позиционирање, зголемена видливост и обезбедување дополнителни ресурси за одржливост.

Годината беше заокружена со Националниот форумСаем на граѓанските организации, кој по втор пат заеднички го организираа Цивика мобилитас и Владата на Република Северна Македонија, на 26 ноември 2025 година во Клубот на пратениците во Скопје. Со присуство на над 250 претставници од институциите и граѓанските организации, Форумот повторно ја потврди својата улога како значајна платформа за дијалог, размена на идеи и заедничко креирање решенија.

Тимот на Цивика мобилитас

Продолжи со читање

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

  • Граѓанското учество е право и одговорност на сите

    Во фокусот на овој број на Граѓаните за промена е граѓанското учество. Тема која граѓанските организации и во овој квартал не само што ја дискутираа туку и ја практикуваа. Колегите од ПроЛокал, од Битола, тоа го правеа на регионално и на локално ниво, во цела Пелагонија. Заедно со партнерите од…

  • Светски ден за борба против ракот: само 10 отсто од жените опфатени со скрининг за рак на грлото на маткатa

    Иако ракот на грлото на матката е едно од ретките малигни заболувања што речиси целосно може да се превенира, во Северна Македонија секоја година заболуваат околу 200 жени, а помеѓу 40 и 60 жени го губат животот од оваа болест. Алармантен е податокот дека во 2024 година со организираниот скрининг…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор