[Aggregator] Downloaded image for imported item #43105

Граѓанските организации во 2025 продолжија да го менуваат општеството

Време е за уште едно сумирање на направеното, кое веруваме ќе ни даде на сите причини зошто вреди да продолжиме уште погласно и поодлучно во новата 2026 година. Годината што ја завршуваме беше година на предизвици, но и на солидарност, поврзување и конкретни резултати. Нашата сила останува во заедништвото – кога граѓанските организации, граѓаните и институциите се отвораат за дијалог, се создава простор за промена.

Со желби за добро здравје, мир и просперитет, ви благодариме за довербата и соработката и ве потсетуваме на некои од заедничките постигнувања што ја обележаа 2025.

Во 2025 година продолживме да работиме на јакнење на вкоренето и влијателно граѓанско општество преку програмите Цивика мобилитас и Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ). Фокусот беше ставен на зголемување на одржливоста на граѓанските организации и унапредување на соработката со институциите, со цел потранспарентно, поотчетно и поинклузивно управување на национално и локално ниво.

Во рамки на Цивика мобилитас го продолживме дијалогот со Владата преку конкретни предлози и работни средби, што резултираше со уште еден успешен Национален форум – „Саем на граѓанските организации“. На форумот учествуваа околу 250 претставници на институциите и граѓанскиот сектор, со директни дебати и претставување на 35 организации. Во текот на годината мрежата на поддржани организации се прошири со уште 23 нови грантисти, со што бројот на активни организации достигна 93.

Интензивно вложувавме во јакнење на капацитетите и одржливоста на организациите преку обуки и менторство за дигитална трансформација, волонтерство, зголемување на видливоста, диверзификација на приходи и развој на партнерства со приватниот сектор. Средбата за вмрежување во Гевгелија собра над 80 организации и резултираше со заеднички предлози за унапредување на локалната демократија, транспарентноста и јавните услуги, доставени до кандидатите за локалните избори. Дополнително, го продолживме јакнењето на квалитетот и саморегулацијата во секторот преку Кодексот за ГО и го започнавме процесот на капитализација „Ретроспектива нанапред“, со цел долгогодишното искуство на Цивика мобилитас да се претвори во употребливо знаење. Во овој контекст беа изработени и анализа за факторите што го поттикнуваат или ограничуваат развојот на граѓанското општество, како и истражување за довербата и граѓанската вклученост.

Преку Граѓанскиот ресурсен центар обезбедивме сеопфатна поддршка за граѓанските организации. Во текот на годината беа реализирани 12 информативни и консултативни настани со 384 учесници, шест посети на Мобилниот ресурсен центар во шест градови и шест тематски работилници со 165 учесници. Беа доделени 11 акциски грантови поврзани со локалните избори 2025 и реализирани 63 менторски сесии за организациски развој, дигитализација, добро управување и отчетност. ГРЦ обезбеди континуирана информативна и аналитичка поддршка преку анализи, месечни и неделни прегледи за законодавни процеси и можности за финансирање, како и преку онлајн алатки за самооценка на капацитетите, транспарентноста и доброто управување. Преку мрежата на ресурсни центри, редовното информирање на над 9.000 контакти и help-desk поддршка за повеќе од 350 организации и граѓани, ГРЦ придонесе за посилен и поинформиран граѓански сектор и обезбеди простор за 167 настани на други организации.

Во делот на следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество, работевме со регионалната мрежа БЦСДН, спроведувавме анкети и мониторинг, учествувавме во регионални и европски иницијативи, придонесувавме во активности против стеснување на граѓанскиот простор, вклучително и во областа на СЛАПП, и се вклучивме во тематски консултации за стандардизација на државното финансирање за граѓанските организации.

Во областа на добро владеење и борба против корупцијата, МЦМС го објави седмиот Извештај за процена на корупцијата за 2025 година – фактографски и алармантен, но неопходен за јавна дебата и застапување политики засновани на докази. Преку СЕЛДИ поддржавме 30 граѓански организации од Западен Балкан кои спроведуваат антикорупциски проекти и добиваат континуирана експертска поддршка за посилни интервенции, мрежи и влијание. Покрај финансиската поддршка, во 2025 година МЦМС обезбеди континуирана програмска и експертска поддршка овие организации, насочена кон јакнење на нивните институционални и професионални капацитети. Oрганизациите ги зајакнаа своите капацитети за истражувачко новинарство, за детектирање и документирање на изборни нерегуларности, како и за примена на методологиите што СЕЛДИ ги користи за проценка на корупцијата и состојбата на заробување на државите, со цел преточување на истражувањата и фактите во конкретни предлози за реформи и поефективни антикорупциски интервенции.

Во 2025 година, во областа на социјална инклузија работевме на две клучни линии: родова еднаквост и безбедност/реинтеграција на ранливи групи.

Спроведовме основни студии за родовата еднаквост во спортот. Истражувањето за родова еднаквост и инклузивност во спортот покажа сериозни бариери за жените, особено во лидерските позиции во националните федерации. Дополнително, се истакна и особено неповолната положба на жените со попреченост и недостигот од релевантни податоци за нивното учество. Паралелно, спроведовме истражување за родово-базирано насилство врз жените во спортот (август–декември 2025).

Работевме и на холистички пристапи за одржлива реинтеграција на ранливи семејства, вклучително и семејства со повратници од странски војни. Го објавивме извештајот „Перцепции на граѓаните за безбедноста“. Поддржавме меѓусекторска соработка преку работилници со верски чинители и потпишување Декларација на верските лидери против насилниот екстремизам, како и преку три работилници со Локалните совети за превенција. Во јакнење на институционалните капацитети, организиравме три работилници за „Радикализам – препознавање и методологија на работа“ со 88 учесници од клучните безбедносни институции и Националниот комитет, со фокус на практични алатки и координација.

Среќни празници!
Тимот на МЦМС

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор