Доделени ад хок грантови

Цивика мобилитас достави предлози до кандидатите на локалните избори 2025

Предлозите на граѓанските организации поддржани од Цивика мобилитас денес (12.09.2025 година) стигнаа на адресите на кандидатите за градоначалници и членови на општинските совети.

Тие се собрани и дискутирани од актуелните грантисти за време на последната Средба за вмрежување, одржана на крајот на јуни оваа година. Во овој партиципативен процес учествуваа претставници на околу 70 граѓански организации од целата земја.

Цивика мобилитас ги поттикна своите грантисти, специфичните предлози за нивните општини да им ги достават на кандидатите кои ќе се натпреваруваат за позиција во нивната единица на локална самоуправа.

Ова е дел од процесите на застапување што граѓанските организации го прават во име на интересите на граѓаните. Веруваме дека подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните во Македонија во сите сфери на делување е заеднички интерес на граѓанските организации и другите општествени актери вклучително и на кандидатите за градоначалници и членови на општинските совети. Затоа, се надеваме и очекуваме дека овие предлози ќе си го најдат своето место во програмите на кандидатите.

Граѓанските организации поддржани од Цивика мобилитас ќе продолжат како и до сега да делуваат на сите нивоа како коректори, поддржувачи и спроведувачи на активности кои ќе ги направат општествените промени за доброто на сите.

Продолжи со читање

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

  • Граѓанското учество е право и одговорност на сите

    Во фокусот на овој број на Граѓаните за промена е граѓанското учество. Тема која граѓанските организации и во овој квартал не само што ја дискутираа туку и ја практикуваа. Колегите од ПроЛокал, од Битола, тоа го правеа на регионално и на локално ниво, во цела Пелагонија. Заедно со партнерите од…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор