Untitled Design (5)

Покана за тематски форум „Отворена општина – активна заедница“

Фондација Метаморфозис, Рурална Коалиција и Центар за социјални иновации Блинк 42-21, на 24 септември 2025 година организираат тематски форум „Отворена општина – активна заедница“ со почеток од 10:30 часот во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (Скопје). Агендата за форумот е достапна тука.

Сузбивањето на корупцијата е клучно за довербата во локалната власт, демократијата и доброто управување на локално ниво. Граѓаните ја гледаат како еден од најгорливите проблеми, а дигиталните технологии можат значајно да придонесат кон нејзино намалување преку зголемена транспарентност, отвореност и активна соработка со заедницата.

Преку форумот, нашата цел е да поттикнеме акција против корупцијата, обединувајќи претставници од локалната самоуправа, граѓански организации, активисти, експерти, граѓани и медиуми во заедничка борба заснована на инклузивност и соработка.

На настанот ќе бидат презентирани најновите наоди од Индексот на отвореност на локалната самоуправа за 2025 година, со цел граѓаните да добијат увид дали и колку нивната општина е отворена и отчетна, и врз основа на тоа да бараат нивна поголема вклученост во носењето одлуки на локално ниво. Истовремено, ќе бидат презентирани и успесите од менторската поддршка обезбедена за девет општини во рамки на проектот, со акцент на зголемување на нивната отвореност и транспарентност. Дополнително, на настанот ќе се истакнат придобивките од дигиталната платформа мЗаедница како алатка за поголемо граѓанско учество со нова функционалност за онлајн консултации.

Настанот ќе се одвива на македонски јазик со присуство од 40 учесници во Граѓански ресурсен центар (Скопје).

Сите заинтересирани за учество на настанот треба да се регистрираат на следниот линк најдоцна до 18 септември 2025 година: ЛИНК

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Рурална коалиција Кичево

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор