Untitled Design(1)

Со маргинализирaње на  синдикалното организирање нема европски работничките права

„Со маргинализирaње на  синдикалното организирање нема европски работничките права“

За само една година близу 100 вработени од „Kнауф Радика АД Дебар“ се обратиле до правната служба на ССМ. Тие најмногу се пожалиле  поради  неисплатен додаток за работен стаж , неосновано намалена плата и променети договори за вработување, велат од Сојузот на Синдикатите на Македонија. Заради ова преставници на ССМ и синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање обавиле разговор со раководството на компанијата при што побарале почитување на законите и потпишаниот колективен договор на ниво на работодавач.

„Откако работодавачот неосновано не ја прифати законската обврска, Сојузот на Синдикатите на Македонија со помош на правната служба изготви пријави до Државниот Инспекторат за Труд,  а беа  покренати повеќе постапки пред суд“, велат од ССМ1.

Ова не е случај само со вработените во „ Кнауф Радика“ туку во последно време посочуваат од  ССМ , членството им се обраќа и од здравството,  образованието,  воопшто од  јавниот сектор.

Дека во последно време има сериозни прекршувања на законите од страна на сопственици на компании во однос на правото на работниците за синдикално организирање, како и зголемен притисок од страна на директорите врз работниците преку институции, насочен кон гасење на синдикалните организации тврдат и од Конфедерацијата на Синдикалните Организации во Мaкедонија (КСОМ). Ваков притисок има во повеќе градови, а некаде дури и ги тераат преку нотарска изјава да потврдат дека не сакале да формираат синдикат.

Притисок за да не се формираат синдикални организации, како што посочуваат од КСОМ, до сега притисоци вршеле повеќе од 40 работодавачи, најчесто од градежниот сектор и оние кои управуваат со минералните суровини.

„Проблемот не го прават сопствениците на мултинационалните компании кои знаат што е синдикално организирање кај нив, туку раководните лица кои се поставени од нашата држава кои им велат на газдите дека тие го знаат менталитетот на работниците и  како треба да се постапува со нив. Тоа покрај потценување на работниците е и потценување на државата. Затоа треба да го кренеме гласот и конечно работникот да се чувствува дека е почитуван во државата и да не се сели“ – потенцираат  од КСОМ1

 Правото на синдикално организирање, здружување и функционирање е уставно загарантирано право во нашата држава, односно нашата држава како аспирант за европската унија е должна да ги почитува меѓународните конвенции кои го гарантираат ова право. Секој обид за маргинализирање на синдикатите ги минимизира можностите за европски човекови права.

За земјите аспиранти за вклучување во големото европско семејство, синдикатите имаат голема улога и придонес, од друга страна, синдикатите треба да бидат подготвени за било каков предизвик – реформи, модернизација, кои би биле, придобивките за работниците од земјите аспиранти за членство во ЕУ. Покрај тоа, се наметна потребата од  вклученост на синдикатите во институциите на државата и следење на сите фази на преговори за влез во ЕУ. Натамошен развој на социјалниот дијалог во земјата, како и на ниво на ЕУ.

Од почетокот на процесот на интегрирањето на РСМ во ЕУ, синдикатите го прифатија како активност од приоритетно значење за државата. Се вклучија во сите реформи од областа на трудовите односи со цел процесот да се одвива забрзано и квалитетно, согласно познатите копенхашки критериуми на европскиот совет.

1https://novamakedonija.com.mk/makedonija/ako-prodolzhi-pritisokot-za-sprechuvanje-na-sindikalno-organiziranje-kje-protestirame-pred-kompaniite-koi-toa-go-pravat-velat-od-ksom/

Од особено значење за синдикатите има усогласувањето на македонското со законодавството на ЕУ и развојот и практикувањето на социјалниот дијалог и постигнувањето консензус за економско-социјалните прашања и интереси за работниците и граѓаните на РСМ. Во својот последен извештај ЕК нотира дека е потребно  зајакнување на бипартитниот социјален дијалог меѓу работодавачите и работниците, што претставува  задача за земјава.

Феим Каја

Оваа публикација е дел од проектот Учество на медиумите од Единицата за локалната самоуправа- Дебар во преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ  кој е финансиран од програмата за грантови на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство” финансиран од ЕУ, а спроведуван од Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ. За содржината на оваа публикација целосно е одговорен Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар и не нужно ги одразува ставовите на Европската Унија“.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за одржлив развој на Заедницата Дебар

Продолжи со читање

  • Елаборат за четириесетите – XL Средби на извидници Велес 2026

    Почитувани извидници, извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес одбележувајќи ја седмата деценија на постоење на извидништвото во Велес и Денот на Државноста на Македонија, Ве поканува на традиционалните XL Средби на извидници 2026. Во периодот од 1975 до 2026 година, успевaме да организираме четириесет Средби на извидници од кои последните…

  • Ново регионално партнерство: Здружението започнува проект поддржан од Western Balkans Fund и Европската Унија

     Со голема чест и задоволство споделуваме дека Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености е добитник на грант од Фондот за Западен Балкан (Western Balkans Fund), кофинансиран од Европската Унија! На 24 и 25 јуни 2026 година во Тирана, Албанија, присуствувавме на дводневната партнерска работилница и свечената церемонија…

  • Успешно реализирана XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026“

    Иако регатата се одвива по 26-ти пат, ова е трета година во која пловидбата заврши во Солун, идентично како онаа на велешките трговци во минатото. Чамците растоварени, пловењето успешно завршено, се сумираат впечатоците од Вардарска регата „Гемиџии“ која по 26-ти пат ја оживеа традицијата и патшествието на велешките трговци во…

  • Од отпад до производ: Како био-отпадот станува дел од нашето секојдневие

    Био-отпадот претставува органски отпад кој потекнува од домаќинствата, пазарите, градините и прехранбената индустрија. Во оваа категорија спаѓаат остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, лушпи од јајца, лисја и трева.
    Иако најчесто се третира како отпад, био-отпадот претставува вреден ресурс. Во контекст на циркуларната економија, тој се користи како суровина за создавање нови материјали, енергија и производи што повторно се враќаат во економскиот циклус.

    https://unsplash.com/photos/person-holding-eco-not-ego-signage-_kB9NKpErH4
    Во традиционалниот модел, био-отпадот најчесто завршува на депонии, каде што при разградување без кислород се создава метан – силен стакленички гас кој придонесува за климатските промени. Во циркуларниот пристап, истиот отпад се третира како ресурс и се трансформира во компост, биоматеријали, природни ѓубрива и иновативни производи. На овој начин се намалува количината на отпад, се намалуваат емисиите и се поттикнува развој на зелени технологии и локални бизниси.
    Овој пристап е тесно поврзан со пораката „Eco, not ego“, која потсетува дека одржливите избори ја ставаат еколошката одговорност пред краткорочната индивидуална удобност. Со тоа, био-отпадот се гледа не како проблем, туку како почеток на нов циклус на вредност, обновување и одржлив развој.

    Примери на продукти изработени од био-отпад

    Биопластика и дизајн-предмети од талог од кафе – Coffeefrom (Италија): Италијанскиот стартап Coffeefrom го претвора искористениот талог од кафе во биопластика и композитни материјали кои се користат за дизајнерски производи, пакување и индустриска примена, покажувајќи дека дури и секојдневниот отпад може да добие нова вредност.

    (Извор: EU-Startups, август 2025 – eu-startups.com | Renewable Matter – renewablematter.eu)

    Биоразградливо пакување од мицелиум и земјоделски отпад – Grown.bio (Холандија): Компанијата Grown.bio користи мицелиум и земјоделски отпад за производство на целосно биоразградливи пакувања и изолациски материјали кои нудат одржлива алтернатива на пластиката и стиропорот.

    (Извор: European Circular Economy Stakeholder Platform – circulareconomy.europa.eu | Saladplate, октомври 2025 – saladplate.com)

    Еко-кожа од манго отпад – Fruitleather Rotterdam (Холандија): Fruitleather Rotterdam го рециклира отпадот од манго што не ги исполнува пазарните стандарди и го претвора во издржлив вегански материјал кој се користи за изработка на чанти, паричници и други модни производи.

    (Извор: Plant Based News, мај 2025 – plantbasednews.org | Nature Biotechnology, 2025 – nature.com)

    Фото:https://unsplash.com/photos/a-pile-of-garbage-sitting-on-top-of-a-grass-covered-field-pprCuLQopHw
    Овие примери покажуваат дека отпадот не мора да биде проблем кој треба да се отстрани. Со соодветна креативност, технологија и визија, тој може да стане вреден ресурс кој создава нови производи, нови работни места и помало влијание врз природата.
    Циркуларната економија нè учи дека секој материјал има потенцијал за нов живот. Наместо да гледаме на био-отпадот како нешто без вредност, можеме да го препознаеме како можност за иновации и одржлив развој. Токму во оваа промена на перспективата лежи клучот кон поодржлива иднина.
     
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
    Автори: Јасмина Петровска, Еко Логик и Ана Серафимова, Еко Логик

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор