Seldi Training Preparation Of Project Budget Final.png

Одржани обуки за апликанти на Програмата за мали грантови на СЕЛДИ

Тимот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) организираше обуки за подготовка на целосни проектни апликации и за подготовка на проектни буџети за организациите кои беа селектирани и поканети да достават целосна апликација на регионалниот Повик за предлог проекти за Програмата за мали грантови на СЕЛДИ „Финансиска поддршка за грасрут и младински граѓански организации кои ги вклучуваат граѓаните“.

Целта на обуките беше да се поддржат граѓанските организации во подготовката на силни проектни предлози и зајакнување на нивните капацитети не само за овој повик, туку и за идни професионални подвизи. Обуките се одржаа на 24 и 29 октомври 2024 година на платформата ЗООМ, а учествуваа повеќе од 60 претставници на организациите селектирани во оваа фаза. На обуките учесниците имаа можност да дознаат повеќе за фазите на проектен циклус, разработување на проектни идеи, дефинирање на логика на интервенција и индикатори, како и совети за пишување на добри предлог проекти. На обуката учесниците можеа да добијат и конкретни инструкции како да се пополни форматот за целосна апликација за конкретниот повик. Обуките беа интерактивни, со можност за работа во групи и работа на конкретни примери. Учесниците на обуките имаа можност да поставуваат прашања и да се вклучат во дискусии поврзани со темите на обуката. Обуките ги водеше Сунчица Саздовска, експерт за проектен менаџмент. Видеото од обуката одржана на 24 октомври е достапно на ОВОЈ ЛИНК, додека видео од обуката од 29 октомври е достапна на ОВОЈ ЛИНК.

На 31 октомври Јасмина Ристовска, координаторка на програмата Регионална мрежа за антикорупција, одржа обука за подготовка на предлог буџети. На обуката учествуваа 27 преставници, кои можеа да добијат информации и инструкции за општите принципи на договорите за грантови финансирани од Европската Унија, правилата дефинирано со Упатството за апликанти за Програмата за мали грантови на СЕЛДИ, како и појаснувања за структурата на буџетот и неговите компоненти. Дополнително на обуката се споделија и детални насоки и примери како правилно да се подготви буџетот и сите негови делови. Видеото од обуката одржана на 31 октомври е достапно на ОВОЈ ЛИНК, додека презентацијата може да се превземе на ОВОЈ ЛИНК.

Повикот за предлог проекти беше објавен на 17 јуни, а крајниот рок за поднесување на концепти беше 1 август 2024 година, 16.00 часот по средноевропско време (ЦЕТ). Во дадениот рок пристигнаа 74 концепти од организации од регионот, а по спроведеното оценување од страна на комисијата за оценка, 43 предлози беа првично селектирани и организациите беа поканети да достават целосни апликации најдоцна до 15 ноември 2024 година, 16.00 часот по средноевропско време (ЦЕТ).

Учеството на организациите во овие обуки на никаков начин нема да влијае на процесот на евалуација на целосните апликации. МЦМС ја организираше обуката во име на Мрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ).

Согласно правилата на повикот, организациите имаа можност да достават прашања за оваа фаза во повикот најдоцна до 1 ноември 2024. Преземи ги одговорите на прашањата пристигнати во предвидениот рок.

Програмата за мали грантови на СЕЛДИ има за цел да го зајакне придонесот на граѓанските организации од целните земји во борбата против корупцијата и нивното вклучување во циклусот на застапување и влијание на политиките на СЕЛДИ, преку финансиска поддршка на граѓанските организации, вклучувајќи и грасрут и младинските организации, активни против корупцијата.

Програмата е дел од проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за застапување врз база на докази, влијание врз политики и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“, финансиран од Европската Унија.



Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор