462538300 912315213679194 5777303918072602015 N 1024x576.jpg

Есенски едукативен камп

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, остварувајќи ја својата програма за работа во периодот од 1-3.11.2024 год. во извидничкиот центар “Голозинци“ реализираше едукативен камп со учество на 25 извидници.

На кампот се работеше на основите на топографијата и ориентацијата (организиран хајк до Лисиче), потоа на патролната симболика, патролниот дух, патролниот колектив. Беа формирани три нови патроли, со што доаѓа и до видно зголемување на членството на одредот.

Овој теринг камп е најава и подготовка на зимската Школата за водачи “Зелениот Еди 13“ која што треба да се организира за време на зимскиот распуст во оваа учебна година.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор