Et5a8812

ЖЕНИТЕ ВО ПЕРИМЕНОПАУЗА ДОБИВААТ СТРУЧНА ПОДДРШКА ВО НОВОТО СОВЕТУВАЛИШТЕ НА ХЕРА

Новата услуга во „Сакам да знам“ – Водно ќе овозможи советување со гинеколог и индивидуални насоки за грижата за здравјето во периодот на перименопауза.

Скопје, 19 октомври 2026 г. – Жените кои минуваат низ перименопауза ќе можат да добијат стручни информации, советување и индивидуални насоки за грижата за своето здравје во новото Советувалиште за перименопауза на ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување, кое денеска официјално се отвора во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно. Преку разговор со гинеколог и матичен лекар, жените ќе можат да добијат проценка на своите симптоми и потреби, како и информации за можностите за понатамошна грижа.

Перименопаузата е природен период на премин кон менопаузата, но искуството на секоја жена е различно. Според Светската здравствена организација (СЗО), овој период може да трае неколку години и да влијае врз физичката, емоционалната, менталната и социјалната благосостојба. Пристапот до проверени информации и стручна грижа им помага на жените подобро да ги разберат промените низ кои минуваат и да донесуваат информирани одлуки за своето здравје.

„Грижата за здравјето на жените треба да ги следи нивните потреби во секоја животна фаза. Перименопаузата е период во кој на многу жени им се потребни повеќе информации, разбирање и стручни насоки, а нивните прашања и искуства не секогаш добиваат доволно внимание. Со отворањето на Советувалиштето за перименопауза, сакаме да овозможиме пристап до стручна грижа и простор во кој жените ќе можат отворено да разговараат за своето здравје и да добијат информации за можностите што им стојат на располагање“, истакнува д-р Велимир Савески, претседател на ХЕРА.

Отворањето на советувалиштето е дел од заложбите на ХЕРА за подобрување на пристапот до квалитетна и информирана грижа за сексуалното и репродуктивното здравје во различните животни фази. Во 2025 година, ХЕРА и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) го подготвија првиот национален Водич за перименопауза, заснован на медицина базирана на докази, со насоки за препознавање на промените во овој период и за соодветна грижа за жените.

„Перименопаузата не е период низ кој жените треба да поминуваат со неодговорени прашања или со чувство дека мора сами да се снаоѓаат. Во Советувалиштето за перименопауза, тие ќе можат да разговараат со гинеколог, да добијат проверени информации и насоки приспособени на нивните потреби. Важно е жените да знаат дека постојат начини за ублажување на симптомите и дека заслужуваат да бидат сослушани, информирани и соодветно поддржани“, истакнува прим. д-р Искра Дукова, гинеколог вклучена во работата на Советувалиштето за перименопауза.

Со воспоставувањето на советувалиштето, стручните знаења и препораки се преточуваат во практична услуга преку која жените ќе можат да добијат информации и насоки приспособени на нивните индивидуални потреби.

Редовните смени за советување започнуваат на 21 октомври 2026 година, во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно.

За информации и закажување термин, заинтересираните можат да се јават на 070 227 386 или да го користат онлајн-системот за закажување преглед.

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

  • ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – БАРАМЕ ИТНА АКЦИЈА ЗА ДА СЕ НАМАЛИ СИРОМАШТИЈАТА И СОЦИЈАЛНАТА ИСКЛУЧЕНОСТ ВО ЗЕМЈАТА

    Кога се соочуваме со сиромаштијата, солидарноста е отпор! На 17 октомври – меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, потсетуваме дека:  речиси 22% од граѓаните живеат […]

  • „Натура“ организираше јавен форум за квалитетот на воздухот во Струга

    На 15 октомври 2026 година, во Струга успешно се одржа првиот јавен форум на тема „Квалитетот на воздухот во нашата општина – предизвици, потреби и можни решенија“, во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион“, поддржан од Швајцарската Влада преку програмата Цивика мобилитас. На форумот учествуваа

  • Извештај од мониторинг посета Јавна установа Специјален завод Демир Капија

    Овој извештај беше изработен во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“. Главна цел на проектот е да придонесе кон подобрување на услугите за целните групи преку пристап заснован врз човекови права. Специфичните цели се насочени кон подобрување на условите и кон заштита […]
    Read More… from Извештај од мониторинг посета Јавна установа Специјален завод Демир Капија
    The post Извештај од мониторинг посета Јавна установа Специјален завод Демир Капија appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Извештај од мониторинг посета на Јавната установа за згрижување деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје

    Овој извештај е изработен во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, со цел унапредување на условите за живот, заштитата на правата и квалитетот на услугите за децата сместени во институционална грижа. Проектот се заснова на пристап заснован врз човекови права и има […]
    Read More… from Извештај од мониторинг посета на Јавната установа за згрижување деца со воспитно- социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје
    The post Извештај од мониторинг посета на Јавната установа за згрижување деца со воспитно- социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор