[Aggregator] Downloaded image for imported item #52242

Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано.

Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв дека случката пак ќе се повтори, или затоа што веруваат дека никој нема да ги слушне и заштити. А возрасните, пак, дури и кога ги забележуваат знаците, честопати не знаат како да постапат, претпоставуваат дека некој друг ќе реагира или немаат доверба дека пријавувањето ќе доведе до соодветна заштита.

Не е доволно да реагираме откако насилството веќе се случилo. Ние мора да градиме заедници во кои ризиците ќе се препознаваат навреме, децата ќе бидат слушнати, а помошта ќе биде достапна тогаш кога им е најпотребна.

Затоа, МЗМП смета дека вложувањето во функционални локални механизми за превенција е вложување во побезбедно детство за сите деца. Во тој процес заедницата има незаменлива улога преку општинскиот совет за превенција на детско престапништво.

Oпштинските совети се законски уредени со причина, особено нивниот состав, што треба да опфаќа претставници на општината, полицијата, центрите за социјална работа, училиштата, правосудните институции и граѓанските организации, со цел координирано следење на состојбите, препознавање на ризиците и преземање конкретни иницијативи и мерки за превенција на насилството и заштита на децата во локалната заедница.

Во практиката, тоа треба да значи дека општинскиот совет е место каде што институциите, организациите и децата седнуваат на иста маса, разговараат за проблемите со кои се соочуваат децата и заеднички бараат решенија. Учеството на децата треба да биде суштинско, со простор нивните искуства, потреби и предлози да влијаат врз одлуките и мерките.

Овие совети треба да бидат форуми за отворен разговор за врсничкото насилство, причините што доведуваат до него, за децата изложени на ризик и за мерките што можат да спречат проблемите да прераснат во посериозни последици, како и мерките што можат да го закрепнат детето.

Секое дете заслужува да расте во средина во која ќе се чувствува безбедно, прифатено и заштитено. Ниедно дете не смее да остане незабележано, неслушнато или без поддршка. Одговорноста за тоа е заедничка.

Да превенираме значи да забележиме кога на детето му е потребна помош, да го сослушаме пред да престане да бара помош, да реагираме пред насилството да се случи или повтори. Со тоа ќе му покажеме дека не е само и дека може да смета на заштита и поддршка.

Затоа, не смееме да се премолчуваме или игнорираме насилството. Сите носиме одговорност да реагираме кога ќе препознаеме насилство или ризик од  него, а надлежните институции се должни да обезбедат соодветно, навремено и координирано постапување.

Само така свесноста ќе ја претвориме во вистинска заштита, а превенцијата во конкретно дејствување.

The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонско здружение на млади правници

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор