Презентација на истражувачки проекти на тема "Корона вирусот тест за дигиталното општество"

Презентација на истражувачки проекти на тема „Корона вирусот – тест за дигиталното општество“

Центарот за иновации и развој Инос Прилеп на 20 декември 2021 година организираше online настан за Презентација на студентските истражувачки проекти изработени во рамките на наградниот повик на тема: “Корона вирусот – тест за дигиталното општетсво”.  Овој настан беше и завршен настан во рамките на проектот “Истражувај на тема: Корона вирусот – тест за дигиталното општество” финансиски поддржан преку грант од програмата на Цивика мобилитас. Настанот го отвори и водеше проектниот раководител д-р Марија Мидовска Петкоска  која ја истакна потребата од вклучувањето на младите (студентите) во научно-истражувачката работа како основа за креирање на политики, базирани на факти, знаење и анализи.

На повикот со свои сопствени истражувачки проекти се приклучија студенти од 4 универзитети / 7 факултети од Република Северна Македонија. Беа добиени 19 истражувачки проекти од кои 13 добија позитивна оценка од страна на рецензентите за објавување во Зборникот.  Сите добиени истражувачки проекти подлежеа на blind review од двајца рецензенти експерти во соодтвената област. Во своите истражувачки проекти студентите истражија различни проблематки кои се однесуваат на пандемијата предизвикана од Ковид 19 и нејзиното влијание врз процестите на дигитализација во Северна Македонија.

На настанот студентите ги презентираа резултатите и наодите добиени од нивните истражувања. Целта на проектот беше подигнување на нивото за истражувачки активности кај младите (студентите) и нивно вклучување во истражувачката работа. Студентите преку овие истражувачки проекти покажаа подготвеност да се вклучат во истражувачката работа покажувајќи свеснот за значењето на истражувачките активности во решавањето на проблеми во динамичкото окружување.

Дополнително на настанот свое обраќање имаа и проф. д-р Наташа Трајкова Најдовска од Универзитет “св. Климент Охридски” Битола како претставник од академската заедница која ги истакна предизвиците со кои се соочи општеството за време на пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19 и можностите за истражување. Учество во настанот зедоа и двајца претставници од бизнис секторот, м-р Јасна Стоимировска Величков од Арел Неуромаркетинг од Кочани и м-р Елена Петкоска од Шама Шпед Прилеп кои ги презентираа проблемите со кои се соочиле за време на пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19 како и дигиталните алатки кои ги имплементирале во своето работење во насока на надминување на овие проблеми. Соработката помеѓу академската заедница и бизнис секторот е неминовна во научно-истражувачката работа.

Истражувачките проекти кои добија позитивна оценка од рецензентите ќе бидат објавени во Зборник на студентски истражувачки проекти во електронска и печатена верзија.

Во продлжение е листата на истражувачките проекти кои беа презентирани:

  1. Фатон Мурсели – Новите медиуми во пандемиско време
  2. Никола Николовски – Влијанието на пандемијата врз економијата и дигитализацијата
  3. Божанка Ристова – Примена на маркетинг активности во услови на Ковид пандемија
  4. Моника Арсова – Дигитален маркетинг- главна алка во градењето “пост-ковид” дигитално општетсво
  5. Климентина Соколоска – Влијанието на дигиталиацијата врз ликовното образование во период на пандемија
  6. Мими Гаврилоска – Животот на младите интелектуалци во пандемијата со коронавирусот – студија на случај: Western Balkans Alumni Association (WBAA)
  7. Ристе Костовски – Корона кризата и дигитализацијата во стопанството на Република Северна Македонија
  8. Емилија Велкакова – Онлајн наставата и Ковид пандемијата – проблеми, предизвици и можности за студентите
  9. Сибела Мамудоска – Дигитална писменост на Ромите во РСМ во време на пандемија
  10. Теодора Димеска – Задоволство на граѓаните од дигитализацијата во државната администрација во време на Ковид 19
  11. Елена Колтоска – Корона кризата и влијанието врз работењето на малите бизниси
  12. Џан Јусуфоски – Дигиталната трансформација на компаниите во ковид кризата
  13. Теодора Христовска – Корона кризата, сиромаштијата и дигитализацијата како можно решение
  14. Марија Михајловска – Младите и дигиталзиацијата за време на Ковид 19

На младите студенти истражувачи им честитаме за изработените истражувачки проекти.

Продолжи со читање

  • Елаборат за четириесетите – XL Средби на извидници Велес 2026

    Почитувани извидници, извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес одбележувајќи ја седмата деценија на постоење на извидништвото во Велес и Денот на Државноста на Македонија, Ве поканува на традиционалните XL Средби на извидници 2026. Во периодот од 1975 до 2026 година, успевaме да организираме четириесет Средби на извидници од кои последните…

  • Ново регионално партнерство: Здружението започнува проект поддржан од Western Balkans Fund и Европската Унија

     Со голема чест и задоволство споделуваме дека Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености е добитник на грант од Фондот за Западен Балкан (Western Balkans Fund), кофинансиран од Европската Унија! На 24 и 25 јуни 2026 година во Тирана, Албанија, присуствувавме на дводневната партнерска работилница и свечената церемонија…

  • Успешно реализирана XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026“

    Иако регатата се одвива по 26-ти пат, ова е трета година во која пловидбата заврши во Солун, идентично како онаа на велешките трговци во минатото. Чамците растоварени, пловењето успешно завршено, се сумираат впечатоците од Вардарска регата „Гемиџии“ која по 26-ти пат ја оживеа традицијата и патшествието на велешките трговци во…

  • Од отпад до производ: Како био-отпадот станува дел од нашето секојдневие

    Био-отпадот претставува органски отпад кој потекнува од домаќинствата, пазарите, градините и прехранбената индустрија. Во оваа категорија спаѓаат остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, лушпи од јајца, лисја и трева.
    Иако најчесто се третира како отпад, био-отпадот претставува вреден ресурс. Во контекст на циркуларната економија, тој се користи како суровина за создавање нови материјали, енергија и производи што повторно се враќаат во економскиот циклус.

    https://unsplash.com/photos/person-holding-eco-not-ego-signage-_kB9NKpErH4
    Во традиционалниот модел, био-отпадот најчесто завршува на депонии, каде што при разградување без кислород се создава метан – силен стакленички гас кој придонесува за климатските промени. Во циркуларниот пристап, истиот отпад се третира како ресурс и се трансформира во компост, биоматеријали, природни ѓубрива и иновативни производи. На овој начин се намалува количината на отпад, се намалуваат емисиите и се поттикнува развој на зелени технологии и локални бизниси.
    Овој пристап е тесно поврзан со пораката „Eco, not ego“, која потсетува дека одржливите избори ја ставаат еколошката одговорност пред краткорочната индивидуална удобност. Со тоа, био-отпадот се гледа не како проблем, туку како почеток на нов циклус на вредност, обновување и одржлив развој.

    Примери на продукти изработени од био-отпад

    Биопластика и дизајн-предмети од талог од кафе – Coffeefrom (Италија): Италијанскиот стартап Coffeefrom го претвора искористениот талог од кафе во биопластика и композитни материјали кои се користат за дизајнерски производи, пакување и индустриска примена, покажувајќи дека дури и секојдневниот отпад може да добие нова вредност.

    (Извор: EU-Startups, август 2025 – eu-startups.com | Renewable Matter – renewablematter.eu)

    Биоразградливо пакување од мицелиум и земјоделски отпад – Grown.bio (Холандија): Компанијата Grown.bio користи мицелиум и земјоделски отпад за производство на целосно биоразградливи пакувања и изолациски материјали кои нудат одржлива алтернатива на пластиката и стиропорот.

    (Извор: European Circular Economy Stakeholder Platform – circulareconomy.europa.eu | Saladplate, октомври 2025 – saladplate.com)

    Еко-кожа од манго отпад – Fruitleather Rotterdam (Холандија): Fruitleather Rotterdam го рециклира отпадот од манго што не ги исполнува пазарните стандарди и го претвора во издржлив вегански материјал кој се користи за изработка на чанти, паричници и други модни производи.

    (Извор: Plant Based News, мај 2025 – plantbasednews.org | Nature Biotechnology, 2025 – nature.com)

    Фото:https://unsplash.com/photos/a-pile-of-garbage-sitting-on-top-of-a-grass-covered-field-pprCuLQopHw
    Овие примери покажуваат дека отпадот не мора да биде проблем кој треба да се отстрани. Со соодветна креативност, технологија и визија, тој може да стане вреден ресурс кој создава нови производи, нови работни места и помало влијание врз природата.
    Циркуларната економија нè учи дека секој материјал има потенцијал за нов живот. Наместо да гледаме на био-отпадот како нешто без вредност, можеме да го препознаеме како можност за иновации и одржлив развој. Токму во оваа промена на перспективата лежи клучот кон поодржлива иднина.
     
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
    Автори: Јасмина Петровска, Еко Логик и Ана Серафимова, Еко Логик

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор