Screenshot

Група македонски новинари и граѓански активисти посетија истакнати медиуми и невладини организации во Словенија

Македонскиот институт за медиуми со поддршка од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, од 4 до 8 октомври, организираше студиска посета на Република Словенија, на која учествуваа новинари и претставници на граѓански организации што работат во медиумската сфера во земјава.

Целта на посетата беше да се разменат искуства со словенечките колеги за теми и прашања поврзани со модерните предизвици со кои се соочуваат медиумите и јавната комуникациска сфера, со фокус на дезинформациите, лажните наративи и влијанието на социјалните мрежи во редефинирањето на новинарството, како и злоупотребата на јавниот комуникациски простор за ширење говор на омраза.

study v 2

Во рамки на посетата, македонските претставници се сретнаа со истакнати истражувачки новинари од порталите Подчрто и Оштро, граѓански активисти и медиумски експерти од невладините организации Уманотера и од Мировниот институт од Љубљана, претставници на Здружението на новинари на Словенија, како и со главните уредници на информативните изданија на јавниот сервис Радио Телевизија Словенија.

Престојот беше искористен и за присуство на Самитот на ЕУ што се одржа на 6 октомври во Брдо, од кадешто новинарите известуваа за своите редакции.

Словенечката медиумска сфера се соочува со бројни предизвици поврзани со актуелните политички случувања во земјата, што исто така се резултат и на влијанието на новите комуникациски технологии, особено на социјалните мрежи, врз секојдневието на граѓаните.

study v 3

На сите средби, без исклучок, беше истакната неопходноста од заштита, поддршка и афирмација на професионалното новинарство како јавно добро, коешто е од суштинско значење за унапредување на демократските процеси.  Беше заклучено дека медиумските слободи во голема мера зависат од демократскиот капацитет на носителите на власта, кои честопати користат различни механизми со коишто може да ги загрозат или  оспоруваат тие слободи. Финансиската зависност на медиумите од одлуките на властите може да прерасне во голема пречка за нормалното функционирање, пред се на јавните сервиси и новинските агенции во сопственост на државата. Затоа е неопходно јавните сервиси да се финансираат главно од средствата собрани од претплатата на граѓаните, а не од  државниот буџет, беше истакнато од учесниците на средбите. Во однос на лажните наративи, беше посочено дека тие можат да се победат само со квалитетно новинарство кое e во служба на граѓаните, доколку постои медиумски едуцирана јавност и се поттикнува севкупна општествена  поддршка за постоењето и развојот на  слободните медиуми.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор