цивил

Дерала за Утрински брифинг: Изборниот процес го одбележа црната кампања и родово базираниот говор на омраза

„Во принцип, овие избори беа демократски, очигледно, заради тоа што опозицијата доби голем дел од позициите во локалната власт. Тоа значи дека граѓанките и граѓаните можеа да се изразат слободно на избирачките места, но, имавме еден многу сериозен проблем, фингерпринт апаратите. Тие практично го одбележаа денот, и добро е да се види што значеше изјавата на Даштевски дека ДИК не гарантира за функционалноста на овие фингерпринт апарати. Не Мораше да ни каже, тоа знаевме сите, дека никој не може да гарантира. Меѓутоа, некој мора да поднесе одговорност. И политичка, но и сите останати видови одговорности. Единаесет милиони евра отидоа во ветер, односно доколку тие апарати се внесат во систем и сериозно се работи, ќе треба едно година дена и на системот и на луѓето кои работат.

Имавме ситуација во која ние добивме информација од неофицијални извори дека системот на ДИК не работел во еден момент, подолго време. Исто така, имаме проблем со обуката на избирачките одбори.“, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала денеска на Утрински брифинг.

Дерала се осврна на односот на дел на изборните органи, како што се општинските изборни комисии, кон набљудувачите на Организацијата, во текот на изборниот ден.

„Државната изборна комисија и нејзините органи имаат навистина добри и посветени луѓе кои професионално си ја одработуваат својата работа, но вчера имавме многу непријатни изненадувања, заради тоа што еден дел од изборните органи, вклучително и општинските изборни комисии, имаме и извештаи за тоа во текот на минатата ноќ, едноставно не сакаа да ги прифатат набљудувачите на ЦИВИЛ. Имате единствена организација која има вакво искуство во изборите… Имаше повеќе од десет случаи во кои член на избирачки одбор или претседател/претседателка на избирачки одбор, ги бркаше нашите набљудувачи, под изговор дека во ЦИВИЛ оваа година не се акредитирал во ДИК. Дека на ЦИВИЛ не му е местото тука, дури и со тие зборови е кажано на наш набљудувач, што е навредливо. Јас разговарав со човек од ДИК, ми беше ветено дека тоа ќе биде санирано, меѓутоа во текот на денот имавме уште три или четири такви случаи.“, посочи Дерала.

Во однос на нерегуларностите и инцидентите од вчерашниот изборен ден, Дерала вели дека овие избори, и покрај помалите нерегуларности, имавме фер и демократски избори.

„Ако видите дека за време на изборни процеси сме имале и убиства, за локални избори имавме и „олимписки“ кругови, по  седумдесет или сто луѓе на една адреса итн., влечени за уши, овие избори беа фер и демократски. Реално гледано, овие избори беа без инциденти, дури и бројката од 91 инцидент од Спасовски, и нас не изненади, мислевме дека има и помалку. Имаше низа нерегуларности коишто се однесуваа повеќе на кршење на изборниот молк… Има еден голем проблем, тоа што македонската политичка култура е таква што има огромна „толеранција“ кон црната кампања, и особено, родово базираната црна кампања. На тие малку жени кои имаа среќа да влезат во битката за локална власт, имаше неверојатна црна кампања која навистина е за срамота. Г-ѓа де Зулуета во интервју за ЦИВИЛ МЕДИА изјави дека била шокирана кога дошла овде и кога ја видела претходната ситуација. Сега веројатно ќе биде нешто полоша.“, изјави Дерала.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор