ЕПИ

Дебата: Недостатокот на јасна стратегија ја влоши економската криза предизвикана од КОВИД-19

Пандемијата на КОВИД-19 предизвика еден бран кој никој не можеше да го предвиди. Најголем удар претрпеа малите бизниси, луѓето кои беа самовработени и отвараа работни места. Покрај тоа што ова беше непредвидлива криза, недостатокот на соработка, планирање и јасна стратегија доведе до уште поголема уназаденост. Првата реакција во однос на мерките кои треба да се превземат беше да се одржи континуитет кој ќе даде сигурност и можност да се планира со време. Необезбедувањето на оаа сигурност, предизвика до поголем пад. Илјадници изгубија работа токму поради лошиот фокус.

Дискусијата “Економијата во Република Северна Македонија и ефектите на КОВИД-19 пандемијата” се фокусираше на последиците од здравствената криза врз економијата. Оваа дискусија имаше цел да ги вклучи граѓан(к)ите во дебата преку која ќе можат да го споделат своето знаење на оваа тема, опредлени дилеми како и размислувања. Теми на дискусија беа пандемијата, ефектите кои таа ги предизвика на долг рок и кои се можностите за да ги надминеме. Дискусијата беше со формат од два дела, каде што во првиот дискусијата беше целосно ослободена за граѓан(к)ите учесници да дебатираат и да постават прашања за вториот дел од дискусијата кој беше предводен од експертите во ова поле.

Учесниците на дискусијата беа од Скопскиот регион. Покрај нив, како експерти беа поканети Никица Мојсовска Блажевска професорка на Американ Колеџ и Борче Треновски професор на Економски факултет при УКИМ, кои дадоа детални податоци од нивното познавање во однос на економската состојба со која се карктеризираме поради пандемијата. Дискусијата беше модерирана од Вљора Речица од Институтот за демократија „Социјетас Цивилис“ – Скопје .

Иако пандемијата е сега во пад, економската криза не се опоравува со ист тренд. Граѓаните сметаат дека не треба примарниот план да биде зголемување на даноците кои ќе предизвикаат дополнителе терен, туку фокусот треба да се прелоцира кон сивата економија.

Покрај ефектите врз бизнис секторот, пандемијата влијаеше и на индивидуално ниво. Со затварањето на градинките и училиштата, родители на деца под 10 години беа ослободени од работа за да бидат домашни учители. Ова дејство предизвика голем терет, особено на жените, бидејќи беа потребни самостојно да го обезбедуваат детето со секакви материјали со што се отвори и дополнителна грижа во домаќинството. Работодавачот, од друга страна, требаше да ја покрива цела бруто плата за родителите кои беа ослободени без тие да ја вршат нивната работа. Друго, токсично за економијата беше намалената куповна моќ, како и зголеменото ниво на непродуктивно трошење. Покрај економски ефект, пандемијата предизвика и психолошки терет кој се смета дека тешко ќе го надминеме. Сепак грешките кои сме ги правеле во пандемијата се излезени во виделина, надежта е дека за во иднина ќе научиме да ги елиминираме.

Кога станува збор за Владата, и како таа се справи со пандемијата, учесниците имаа прилично негативен став. Покрај тоа што Владата овозможувала вклученост и примала предлози, во реалноста тоа немало никаков ефект врз мерките кои ги носеле на крај. Мерките од првите пакети беа маргинални и притоа не се задржувал континуитет. Мерките беа релативни а не проактивни. Одговорот на Владата беше со задоцнување, при што после тек четвртиот и петтиот сет мерки се забележа некој напредок. Со самото тоа што владата каснеше со рекацијата и со набавката на вакцините, се намалување довербата и нивото на сигурност помеѓу граѓаните. Само консистентни мерки, добро планирање и навремено реагирање би можеле да придонесат кон некаков излез од оваа криза.

Според професорот Борче Треновски, се што беше проблем пред кризата, сега ескалираше. Партиципацијата и пред да почне кризата имаше некои најави, притисоци од граѓаните кои беа прилично активни, но не добија никаков фидбек. Мерките за воведување на даноци како излез од кризата би можеле да бидат ефикасни доколку би биле вметнати уште од самиот почеток, но сега нивната функција нема да биде иста. Сега треба да се фокусираме на опоравување, треба да се стимулира активност, треба да излеземе од кризата а не да се фокусираме на даноци. Од друга страна, имаме креатори на политики каде што долгот надмина над милијарда, сега сме 62% и сме во тежок рок да се вратиме во онаа зона пред 60%. Во ситуација сме кога мора да се обезбедат фискални средства. Ефикасноста која се зголемува преку намалувањето на расходите беше реализирана но е многу скромна. Зголемувањето на ефикасноста не оди лесно.

Согласно со анализа која што ја направиле, неформалната економија се движи 23-27% и бележи средно намалувањео во последните 5-6 години. Ранливиот дел (неформалниот сектор) не беше доволно таргетиран со мерките, со што дел од нив останале и без никаков приход. Сепак, не треба фокусот да биде ставен на тоа дали и колку сме задолжени, туку треба да се стави на тоа дали и колку ги користиме овозможените ресурси за подобрување на состојбата. Во однос на психолошкиот ефект, предвидени се големи поместувања во ефикасноста и профитабилноста како и промени врз работните ефекти.

Професорката Никица Мосјовска Блажевска тврди дека се формирале и еконоски совет и фискален совет кај поранешната министерка за финансии кои имале можност да предложат идеи, но на крај се било оставено на оние кои ја креираат политиката како наши водичи. При креирање на мерките потребно е да се размислува на она што ќе влијае во долг рок, не само да се превземе најлесната мерка која ќе направи краткорочна промена. Она што не успеа, е да се направат мерки кои ќе овозможат рамнотежа и подеднакво ќе ги таргетираат сите бизниси, но мерките биле повеќе освртени на помош и вадење на оние кои се најповредени, сметајќи дека големите фирми би можеле самостојно да се издигнат. Голем дел од пропустите тврди дека се базираат на неизвестноста, која не им дозволи да се планира навремено.

Постои акциски план за сива економија и мерки, но носителите на политиките постојано ги одложуваат. Во однос на најранливите категории, најголем проблем е невработеноста (стапка на сиромаштија за вработени лица е 8,5%, за невработени 41,7%), и основа да се намали оваа сиромаштија е луѓето да имаат пристап до работа. Потребна е и промена во системот за паричен надоместок и социјална заштита, особено во вакви кризни периоди. Први сме за пишување на акциски планови и страгеии, но ниедни од тие не се применети. На Владата и се разположени голем број на механизми кои не ги зима во предвид. Непостоењето на политичката волја за имплементирање на мерките е најголемиот проблем.

Настанот беше организиран како дел од проектот „АКТ–Активна граѓанска акција 2.0“, спроведенод Институтот за европска политика–Скопје со поддршка од Центарот за делиберативнадемократија од Универзитетот Стенфорд од САД. Проектот е финансиран од National Endowment for Democracy од САД. Оваа дискусија, заедно со уште 3 останати дебатни дискусии со граѓан(к)и на различни теми низ целата држава, ќе придонесат за развивање на Национална дебатна анкета којае планирана во 2022 година.

Продолжи со читање

  • Метаморфозис го одбележува Меѓународниот ден за универзален пристап до информации – 28 септември преку промоција на резултати од Индексот на отвореност на извршната власт

    Според Индексот на отвореност за 2024 година, исто како и претходната година, Владата на Северна Македонија е најотворена институција меѓу групите од извршната власт, министерства и органи на државната управа, исполнувајќи 77,32 % од критериумите. Во споредба со претходната година има забележано пад од минимален 1 отсто, кој се повторува втора година по ред. Фондација […]
    The post Метаморфозис го одбележува Меѓународниот ден за универзален пристап до информации – 28 септември преку промоција на резултати од Индексот на отвореност на извршната власт first appeared on Metamorphosis.

  • Програма за Текстилијада #9

    📢 ТЕКСТИЛИЈАДА 9 – Штип03–04 октомври 2025 📅 Петок, 03.10.2025 10:00 – Отворање на „Текстилијада 9“ – Откривање на мурал „Иднината

  • МЛАДИТЕ УЧЕА КАКО ДА ВРШАТ МОНИТОРИНГ НА РЕЧНИТЕ КОРИТА

    Младите од Општина Карпош, Општина Зелениково и Општина Ѓорче Петров, учеа како да вршат мониторинг на речните корита.

    Вчера, во Домот на култура во општина Ѓорче Петров се одржа едукативен настан посветен на мониторинг на водните текови, во организација на граѓанските организации Resource Environmental Center – REC North Macedonia, Center for Environmental Democracy – Florozon и Еко Логик.

    Настанот е дел од проектот „Брза проценка на водотеците на Западен Балкан – Фаза 2“, поддржан од U.S. Forest Service and Department of Defense EUCOM and Forest Service International Foundation.

    Настанот започна во 09:30 часот со едукативна сесија, по што следеше практична теренска вежба на реката Лепенец. Таму младите учесници и претставници од општините имаа можност директно да ја применат СВАП методологијата (Stream Visual Assessment Protocol) и да научат како се проценува состојбата на едно речно корито. Дополнително, беа идентификувани и жешки точки долж реката Лепенец.

    Целта на овој настан беше да ги запознае младите и претставниците од општините со современи методи за проценка на квалитетот на водните текови, да ги зајакне капацитетите на локалните чинители – институции, граѓански организации и експерти, како и да поттикне поширока јавна дискусија за заштита и одржливо управување со водните ресурси.

    Настанот беше наменет за млади на возраст од 15 до 30 години како и за претсавници од општините од општините Карпош, Зелениково и Ѓорче Петров, кои преку интерактивна едукација и теренска работа стекнаа нови знаења и вештини за мониторинг и заштита на речните корита.

  • Младите од општина Карпош, општина Зелениково и општина Ѓорче Петров,  учеа како да вршат мониторинг на речните корита

    Скопје, 24 септември 2025 година Вчера, во Домот на култура во општина Ѓорче Петров се одржа едукативен настан посветен на мониторинг на водните текови, во организација на граѓанските организации Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија, ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија и Еко Логик. Настанот е дел од проектот „Брза проценка […]

  • Локалната самоуправа сè уште далеку од вистинска отвореност – просекот порасна на 40%

    Фондација Метаморфозис и Рурална Коалиција ги претставија наодите од Процената на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија изготвена преку Индексот на отвореност за 2025 година на тематскиот форум „Отворена општина – активна заедница“. Процената претставува длабинска анализа на работата на локалната самоуправа која дава резиме на вкупните перформанси на локалната […]
    The post Локалната самоуправа сè уште далеку од вистинска отвореност – просекот порасна на 40% first appeared on Metamorphosis.

  • Пријави се за коучинг сесија за справување со родово базирано сајбер насилство во Штип

    Иницијатива за европска перспектива во партнерство со ГО Заеднички вредности а во рамки на проектот Младите жени против онлајн насилство, започнува спроведување на групни коучинг сесии во 4 градови низ земјата (Скопје, Куманово, Штип, Струмица).  ✨ Што добиваш?🔹 Специјално развиена програма за коучинг🔹 Мултисекторско учење: правници, психолози и експерти за сајбер-безбедност Повикот…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор