[Aggregator] Downloaded image for imported item #52046

Млади луѓе од Полошкиот регион споделија свои искуства за односот кон медиумските содржини

Средношколци и студенти од Гостивар и поширокиот регион учеа за медиумите на заедницата и предлагаа идеи за теми кои би можеле да се разработат во квалитетни медиумски стории.  

Ова беа само дел од активностите на работилницата за млади која ја организираа Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Институтот РЕСИС преку проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество”, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Средбата, на која младите се запознаваа процесот низ кој се пишуваат стории и се развива активизам на медиумите на заедницата како Локал Актив, беше трета работилница од овој тип по оние кои се одржаа во Гевгелија и Крива Паланка.

Снежана Трпевска, претседателката на РЕСИС, ја претстави Локал Актив како платформа каде новинари, активисти и млади луѓе од различни региони во Македонија се поврзуваат за заеднички да информираат и да работат на решавање проблеми во локалните средини. Таа најави и план во иднина да се отвори нов медиум на заедницата – Локал Актив Полог – чиј фокус ќе биде Полошкиот Регион и на кој ќе се објавуваат стории за проблемите со кои се соочуваат и граѓаните од Гостивар и околината.

Голем дел од работилницата беше посветен на самите млади и нивните навики за информирање. Тие дискутираа за тоа како доаѓаат до вести, од кои извори се информираат, дали и колку ги проверуваат информациите кои им го привлекуваат вниманието, како и за тоа колку веруваат на локалните медиуми и на инфлуенсерите што ги следат на социјалните мрежи.

Работилница со млади Гостивар 5

Дискусијата покажа дека проверката на информациите и односот кон содржините на социјалните мрежи се прашања со кои младите секојдневно се среќаваат, а работилницата им даде простор да ги споделат своите искуства и дилеми.

Билјана Георгиевска, извршната директорка на СЕММ се осврна на етичките стандарди во медиумите: кои правила мора да ги почитуваат новинарите, кои принципи најчесто се прекршуваат и што носи модернизираниот и надополнет Кодекс на новинарите на Македонија. Таа ги запозна учесниците и со улогата на Советот за етика во медиумите на Македонија.

Работилница со млади Гостивар 4
Работилница со млади Гостивар 3

Младите споделија искуства со штетни, злонамерни или лажни содржини на социјалните мрежи и во медиумите, а поставуваа и прашања за етичките аспекти на конкретни случаи – од известување за трагични настани до вести кои можат да создадат паника.

Во вториот дел од работилницата учесниците работеа на изработка на краток предлог-тема за аналитичка новинарска сторија. Нивната задача беше да посочат конкретен проблем, да предложат соодветни извори и да размислат како една таква сторија може да придонесе за промени во нивната заедница.

Работилница со млади Гостивар 8
Работилница со млади Гостивар 7

Меѓу предложените теми беа третманот и можностите за решавање на проблемот со голем број бездомни кучиња, сајбербулингот како современ проблем што силно ги засега младите, како и влијанието на социјалните мрежи врз нивниот живот и негативните последици од прекумерната онлајн изложеност. Последната тема отвори жива дискусија за ефектите што учесниците или нивните пријатели и роднини ги чувствуваат од постојаното користење дигиталните платформи.

*Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Институтот РЕСИС и на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, „Цивика мобилитас“ или на организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на РЕСИС институт

Продолжи со читање

  • Високите цени ја надминаа корупцијата како клучен проблем, но расте прифатливоста и подложноста на корупција во Северна Македонија

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше идентификувана како најсериозен општествен проблем, во 2025 година граѓаните на Северна Македонија ги рангираат високите цени како своја главна грижа (46,6%), а корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, зголемените трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, додека корупцијата и понатаму останува еден од клучните предизвици со кои се соочува општеството. 

  • Демир Капија: Жените бараат редовни средби со институциите и поголема поддршка за локалните иницијативи

    Демир Капија, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во локалното одлучување, редовни консултации со жителките од руралните средини и навремени повратни информации од институциите беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана во Демир Капија. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Младите од Струга во улога на новинари на работилница за медиумите на заедницата

    Средношколци од Струга учеа за медиумите на заедницата, разговараа за етиката во новинарството и за момент влегоа во улога на новинари. Тие предлагаа теми, анализираа како да ја обработат приказната и дискутираа колку е важно да се зборува јавно за проблемите на локалните заедници и да се бараат решенија.

  • Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода

    Во соработка со Општина Кисела Вода спроведовме процес на партиципативно буџетирање. Граѓаните ги споделија своите потреби, проблеми и предлози за подобрување на квалитетот на животот во општината. Тие ја препознаа иницијативата како корисна и изразија поддршка за организирање ваков тип на настани, кои овозможуваат нивните потреби и идеи да бидат слушнати. Следниот чекор е анализа […]
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • Ден на климатските промени – 4 Ноември

    Денес го обележивме 4ти ноември Денот на климатски промени со учество на Утринска програма на Телма телевизија со нашата  Тамара Радовановиќ Анѓелковска на која што разговаравме за активностите на нашата организација поврзани со заштита на животна средина и намалување/ адаптација на климатските промени.
    Зборувавме за тоа како локалните заедници можат да станат отпорни на климатски промени и зошто е тоа важно.
    Благодарност до редакцијата на Телма телевизија за поканата!
     

  • Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија

    Миграцискиот профил на Северна Македонија се менува. Иако традиционално се препознава како транзитна земја, таа сè повеќе станува земја на дестинација за странски работници и други странски државјани што бараат подолгорочен престој. Според податоците презентирани во нашето истражување, бројот на странски работници се зголемил од […]
    The post Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор