Измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности: Време е за поедноставно и поефикасно донирање

Повеќе од 15 години, здружението Конект активно работи на унапредување на законската рамка за донирање и спонзорство во јавните дејности, во континуирана соработка со Министерството за правда, институциите, бизнис заедницата и граѓанските организации. Во овој период беа спроведени бројни анализи, истражувања и консултативни процеси со поддршка на меѓународни партнери, вклучително и Европската Унија и билатерални донатори.

Во процесот активно е вклучена и Мрежата за финансиска одржливост на граѓанските организации, која денес обединува 143 членки. Во моментов, Конект има можност да ги поддржи активностите на Министерството за правда во насока на придвижување на законските измени преку проект поддржан од Швајцарската влада, преку програмата Цивика мобилитас.

Предложените измени имаат за цел да донесат:

  • поедноставување на процедурите и намалување на административниот товар за институциите;
  • поголема транспарентност и правна сигурност за компаниите и граѓаните кои донираат;
  • усогласување со процесите на дигитализација и електронско фактурирање, со поддршка од УЈП;
  • поттикнување на домашната филантропија и зголемена поддршка за активности од јавен интерес.

Клучни ресурси и документи

За подобро разбирање на потребата од измените и досега спроведените активности, ви ги ставаме на располагање следните документи и ресурси:

Актуелна иницијатива за измени

Анализи и истражувања

Насоки за примена на Законот

Студии на случај

Измените на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности претставуваат важен чекор кон создавање поедноставен, поефикасен и потранспарентен систем за донирање. Со нивното усвојување ќе се отстранат долгогодишни административни пречки, ќе се поттикне домашната филантропија и ќе се создадат подобри услови за поддршка на иницијативи од јавен интерес. Конект продолжува заедно со институциите, бизнис секторот и граѓанските организации да се залага за нивно конечно усвојување.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на КОНЕКТ

Продолжи со читање

  • Од идеја до медиумски продукт: гласот на младите од Гевгелија

    Ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија активно учествуваа на еднодневната работилница за медиумска писменост и изработка на медиумски содржини, каде преку интерактивна работа и практични вежби ги унапредија своите знаења за критичко следење на медиумите, препознавање дезинформации и создавање квалитетни медиумски содржини. Како продолжение на работилницата, учениците работеа на развој на сопствени медиумски продукти […]

  • Млади луѓе од Полошкиот регион споделија свои искуства за односот кон медиумските содржини

    Средношколци и студенти од Гостивар и поширокиот регион учеа за медиумите на заедницата и предлагаа идеи за теми кои би можеле да се разработат во квалитетни медиумски стории.  

  • Покана – Добротворна модна аукција Fashion with a Cause 31.10.2026, Музеј на современа уметност, 11:30 часот

    Саботно матине на добри дела Fashion with a Cause Конект и Моден Викенд Скопје, под покровителство на Амбасадата на Франција и со поддршка од Фондацијата „д-р Верица Механџиска“, Ве покануваат на традиционалната добротворна модна аукција

  • ЗАДРЖУВАЊЕТО НА ОДРЕДБИТЕ ЗА КОНТАМИНИРАНИТЕ ПОДРАЧЈА Е ВАЖЕН ЧЕКОР, НО ПРОБЛЕМИТЕ СО ТРАНСПАРЕНТНОСТА И УЧЕСТВОТО НА ЈАВНОСТА ОСТАНУВААТ

    Македонското здружение на млади правници го поздравува прифаќањето на амандманот со кој се задржуваат одредбите за контаминираните подрачја во Законот за животната средина. Со ова се спречува бришењето на постојната правна рамка за справување со последиците од долгогодишното загадување и за утврдување на одговорностите на […]
    The post ЗАДРЖУВАЊЕТО НА ОДРЕДБИТЕ ЗА КОНТАМИНИРАНИТЕ ПОДРАЧЈА Е ВАЖЕН ЧЕКОР, НО ПРОБЛЕМИТЕ СО ТРАНСПАРЕНТНОСТА И УЧЕСТВОТО НА ЈАВНОСТА ОСТАНУВААТ appeared first on Myla.

  • ECO-STEAM4BASICS: Природата како училница за учење, истражување и откривање

    ECO-STEAM4BASICS обединува 11 организации од Кипар, Австрија, Грција, Северна Македонија, Белгија, Шведска, Данска и Словенија. Конзорциумот вклучува универзитети, организации за обука на наставници, организации од граѓанското општество и јавни образовни институции. Оваа разновидност овозможува поврзување на научните истражувања, педагошкото искуство и практичните потреби на училиштата. Партнерите се: Преку оваа меѓународна соработка, проектот има можност да […]

  • ЗАЕДНО ЗА ЕКОНОМСКО ЈАКНЕЊЕ НА ЖЕНИТЕ!

    На 3 октомври 2026 година, учествувавме на Фестивалот „Ден на граѓанските организации“ организиран од Civica Mobilitas. Во рамките на проектот „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“ – Скопје, во соработка со проектните партнери „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ –…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор