[Aggregator] Downloaded image for imported item #50953

ЗАДРЖУВАЊЕТО НА ОДРЕДБИТЕ ЗА КОНТАМИНИРАНИТЕ ПОДРАЧЈА Е ВАЖЕН ЧЕКОР, НО ПРОБЛЕМИТЕ СО ТРАНСПАРЕНТНОСТА И УЧЕСТВОТО НА ЈАВНОСТА ОСТАНУВААТ

Македонското здружение на млади правници го поздравува прифаќањето на амандманот со кој се задржуваат одредбите за контаминираните подрачја во Законот за животната средина. Со ова се спречува бришењето на постојната правна рамка за справување со последиците од долгогодишното загадување и за утврдување на одговорностите на надлежните институции.

Задржувањето на овие одредби само по себе не ги решава проблемите со Југохром, Лојане, Злетово и другите контаминирани подрачја. За тоа се потребни конкретни мерки, средства и доследно постапување на институциите. Сепак, вчера беше спречено уназадување на законската заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

МЗМП во изминатиот период достави коментари до надлежната собраниска комисија и информации до координаторите на пратеничките групи, предупредувајќи на последиците од предложеното бришење. Задоволни сме што нашите укажувања придонесоа овие одредби да останат дел од Законот.

Вчерашната комисиска расправа покажа дека остануваат сериозни проблеми со информирањето, учеството и правната заштита на јавноста.

Постапките за одобрување на елаборатите за заштита на животната средина и понатаму остануваат затворени за јавноста. На локалното население не му се обезбедува навремено информирање за проектите за кои се изработуваат елаборати, можност да доставува коментари и забелешки, ниту можност да ги оспорува одлуките за нивно одобрување. Учеството на јавноста треба да се препознае како помош во навременото откривање на ризиците и во спроведувањето на законодавството, а не како административен товар.

МЗМП ја потенцира важноста во Собранието да се изнесуваат правилни толкувања и граѓаните да имаат пристап до точни правни информации. Објавувањето известување за намера за спроведување проект за кој е потребна оцена на влијанието врз животната средина не го решава прашањето на учество на јавноста во постапките за елаборатите. Станува збор за различни постапки и нивното поистоветување создава погрешна слика за правата што им се достапни на граѓаните.

Дополнително, задржувањето на осумдневниот рок за жалба во првата фаза од постапката за оцена на влијанието врз животната средина, наместо предложените 15 дена, претставува пропуштена можност за унапредување на правната заштита на јавноста.

МЗМП ги повикува Собранието и Министерството за животна средина и просторно планирање да ги креираат законите во вистински транспарентна постапка, да обезбедат јавна расправа и законски решенија што ќе гарантираат навремено информирање, учество на јавноста и ефективна правна заштита.

Дополнително, Бараме Министерството да започне постапка за унапредување на правната регулатива за елаборатите за заштита на животната средина која не го опфаќа само Законот за животната средина туку и повеќето уредби кои се меѓусебно контрадикторни Очекуваме унапредување на партиципативноста во донесувањето на законите, Министерството да одговори на коментарите поднесени од МЗМП во јуни 2026 година за Нацрт Законот за природа и да овозможи јавна дискусија пред истиот да биде поднесен во Собранието.

Вчера беше зачуван важен дел од правната рамка. Следниот чекор мора да биде нејзино спроведување и унапредување, за правото на здрава животна средина да има вистинско значење во животот на граѓаните.

*Фотографиите се преземени од Мета.мк и Трн.мк

The post ЗАДРЖУВАЊЕТО НА ОДРЕДБИТЕ ЗА КОНТАМИНИРАНИТЕ ПОДРАЧЈА Е ВАЖЕН ЧЕКОР, НО ПРОБЛЕМИТЕ СО ТРАНСПАРЕНТНОСТА И УЧЕСТВОТО НА ЈАВНОСТА ОСТАНУВААТ appeared first on Myla.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонско здружение на млади правници

Продолжи со читање

  • Високите цени ја надминаа корупцијата како клучен проблем, но расте прифатливоста и подложноста на корупција во Северна Македонија

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше идентификувана како најсериозен општествен проблем, во 2025 година граѓаните на Северна Македонија ги рангираат високите цени како своја главна грижа (46,6%), а корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, зголемените трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, додека корупцијата и понатаму останува еден од клучните предизвици со кои се соочува општеството. 

  • Демир Капија: Жените бараат редовни средби со институциите и поголема поддршка за локалните иницијативи

    Демир Капија, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во локалното одлучување, редовни консултации со жителките од руралните средини и навремени повратни информации од институциите беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана во Демир Капија. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Младите од Струга во улога на новинари на работилница за медиумите на заедницата

    Средношколци од Струга учеа за медиумите на заедницата, разговараа за етиката во новинарството и за момент влегоа во улога на новинари. Тие предлагаа теми, анализираа како да ја обработат приказната и дискутираа колку е важно да се зборува јавно за проблемите на локалните заедници и да се бараат решенија.

  • Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода

    Во соработка со Општина Кисела Вода спроведовме процес на партиципативно буџетирање. Граѓаните ги споделија своите потреби, проблеми и предлози за подобрување на квалитетот на животот во општината. Тие ја препознаа иницијативата како корисна и изразија поддршка за организирање ваков тип на настани, кои овозможуваат нивните потреби и идеи да бидат слушнати. Следниот чекор е анализа […]
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • Ден на климатските промени – 4 Ноември

    Денес го обележивме 4ти ноември Денот на климатски промени со учество на Утринска програма на Телма телевизија со нашата  Тамара Радовановиќ Анѓелковска на која што разговаравме за активностите на нашата организација поврзани со заштита на животна средина и намалување/ адаптација на климатските промени.
    Зборувавме за тоа како локалните заедници можат да станат отпорни на климатски промени и зошто е тоа важно.
    Благодарност до редакцијата на Телма телевизија за поканата!
     

  • Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија

    Миграцискиот профил на Северна Македонија се менува. Иако традиционално се препознава како транзитна земја, таа сè повеќе станува земја на дестинација за странски работници и други странски државјани што бараат подолгорочен престој. Според податоците презентирани во нашето истражување, бројот на странски работници се зголемил од […]
    The post Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор