Институт за европска политика, Скопје

Вкупен буџет: 4.498.752 МКД

Времетраење: 1.7.2019 – 31.12.2021

Краток опис на организација

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје е основан на 24 февруари 2011 година, како здружение на граѓани. Мисијата на ЕПИ е преку високо квалитетни истражувања и предлози за европски политика да обезбеди основа за дебата и решенија, насочена кон носителите на одлуки и пошироката јавност. Клучни истражувачки области им се пристапувањето во ЕУ – следење и застапување, демократија и владеење на правото и acquis на ЕУ и секторски политики. Во изминатите осум години, ЕПИ спроведе 10 регионални и 33 национални проекти и објави 170 кратки документи за политики, мониторинг извештаи, студии за применети политики и истражувачки студии. ЕПИ е основач на МРЕЖА 23 и ко-основач на регионалната мрежа ТЕН. Од 2018 г., ЕПИ е национална истражувачка организација на Агенцијата за основни човекови права на ЕУ (ФРА).

Конституенти

Извршната власт (функционери и високи државни службеници од Совет за европска политика, Министерство за правда и Министерство за надворешни работи); Собранието (особено Комисијата за европски прашања и Националниот совет за европски интеграции); правосудните институтции (директна соработка со СЈО, судови, јавни обвинителства, специјално јавно обвинителство); европските институции и земји членки на ЕУ (директни корисници на нивните продукти, редовни годишни средби); национални и локални граѓански организации и професионални организации (со фокус на оние кои работат во областа на владеење на правото); општата јавност (медиумско присуство и проектни активности, но и иновативни методи).

Резултати

  • Унапредена програма за мониторинг на пристапување
  • Унапредени внатрешни капацитети за комуникација
  • Унапредени внатрешни капацитети за истражување, застапување и вградување родова перспектива
  • Подобрено среднорочно финансиско планирање

Веб страна

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор