Еколошко друштво Вила Зора
Објавено: 05/11/2019
Вкупен буџет: 4.489.900 МКД
Времетраење: 1.7.2019 – 30.6.2022
Краток опис на организација
Еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес е невладина, непрофитна и неполитичка организација, која се занимава со заштита и унапредување на животната средина и природата, преку анимирање на еколошките проблеми, нивно актуелизирање и подигање на јавната еколошка свест, како и промовирање на одржливиот развој.
Конституенти
Граѓаните на општина Велес и на Северна Македонија, организациите, институциите и училиштата, Советот на општина Велес, Секторот за животна средина и локален економски развој, бизнис секторот, индустриите, министерствата, државниот секретар и министрите, Институтот за јавно здравје , фармерите, даватели на угостителски и туристички услуги и други.
Резултати
- Донесена Стратегија за деконтаминација на почвата;
- Аплицирање за ЕУ фондови;
- Финансиски стабилна организација;
- Изготвена Стратегија за локален развој;
- Подобрено внатрешно управување и видливост на организацијата.