Комисијата за избор на грантови ги оцени концептите кои организациите ги поднесоа на повикот за мали акциски грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-МАК-02) во периодот од 01.01.2021 до 31.03.2021.

Беа доставени 57 апликации, од кои шест организации се добитници на мал грант, и тоа:

  1. Здружение за развој МЛАДИ ЗА ЈАВЕН ИНТЕРЕС Дебар со проектот Креирање услови за пристап на лицата со телесна попреченост до неопходните државни институции и други неопходни објекти;
  2. Здружение за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи ЖРТВА – Скопје со проектот Рехабилитација на жени затворенички;
  3. Организација на жени Лозово со проектот Економско-социјалните права на текстилците;
  4. Здружение на граѓани за култура и уметност АН –БЛОК Скопје со проектот Поттикнување општествена одговорност кај младите преку волонтерски активности;
  5. Центар за култура, комуникација и едукација на Ромите СВЕТЛА ИДНИНА Кочани со проектот Здравата животна средина е наша одговорност – да покажеме на дело;
  6. Здружение Хуманитарна Организација Ел Хилал со проектот Подигање на свест поттик, мотивација и перцепција кон разноличноста;

Проектите на новите грантисти ќе се спроведуваат во шест различни сектори, а се однесуваат на човекови права, лица со посебни потреби, толеранција, животна средина и природни ресурси, владеење на правото и образование, наука и истражување.

Избраните организации се од различни региони во РС Македонија односно од скопскиот, југозападниот, источниот и вардарскиот регион и ќе делуваат на локално, регионално и национално ниво.

Вкупната поддршка на Цивика мобилитас за овие мали акциски грантови е 1.796.340 МКД.